• Свет 07.05.2023 09:48

    Жртви во пукање во Далас и Калифорнија

    Вооружено лице застрела осуммина и повреди уште седум лица, од кои тројца се во критична состојба, во трговски центар во Далас. Полицијата го усмрти напаѓачот. Според очевидци, меѓу жртвите имало и деца. При нападот бил пронајден член на обезбедувањето во несвесна состојба.

  • Свет 06.05.2023 16:17

    Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во Саудиска Арабија

    Двете завојувани страни во Судан на преговори во Саудиска Арабија за консолидирање на договорот за прекин на огнот, три недели по почетокот на борбите.

  • Свет 06.05.2023 15:30

    Погреб на жртвите во масовните пукања

    Последно збогум за осуммината убиени кај Младеновац. Денеска се погребуваат жртвите на 21 годишниот Урош, кој пред два дена изврши масакр во неколку села во општината во кој 8 лица го загубија животот, а 14 се повредени. Меѓу убиените има и дете, а највозрасниот имал само 25 години.

  • Свет 06.05.2023 14:00

    Крунисан британскиот крал Чарлс Трети

    Обединетото Кралство официјално има нов монарх. Крунисани се Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила.

  • Свет 06.05.2023 09:57

    По седум децении Британија повторно ќе има крал на престолот

    Лондон викендов преплавен со домашни и странски туристи поради крунисувањето на Кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила.

  • Свет 06.05.2023 09:48

    Бајден ја враќа војската на границата со Мексико

    Соединетите Американски Држави испраќаат 1.500 војници на границата со Мексико поради зголемените мигрантски бранови кои се очекуваат по 11-ти мај, денот кога се укинуваат ограничувањата воведени поради пандемијата со Ковид.

  • Свет 06.05.2023 09:35

    Пригожин: На 10 мај заминуваме од Бахмут

    Единиците на „Вагнер“ ќе ги напуштат позициите во Бахмут на 10-ти мај поради недостиг на муниција – најави лидерот на паравоената формација Пригожин.

    Киев тврди дека Русија ги носи од фронтот припадниците на оваа единица за да го заземе градот ден претходно.

  • Свет 06.05.2023 09:34

    Нови закани во Србија и Црна Гора

    По масакрите во Белград и Младеновац, во Нови Сад е пријавен случај со вооружен малолетник кој шетал со пушка во близина на музичко училиште. Според очевидци, 11-годишникот во одреден момент целел само кон птици.

  • Свет 05.05.2023 18:13

    СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирусот

    Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на коронавирус, откако денеска соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација.

  • Свет 05.05.2023 17:24

    МРТ во Младеновац: Осум загинати и 14 повредени, напаѓачот уапсен

    Ново масовно убиство во Србија. Се случи масакр во села кај Младеновац, на 60-ина километри од главниот град. 21-годишник со автоматско оружје уби осум луѓе. Над десет се повредени, меѓу нив и деца.

Pages