Германската и италијанската полиција уапсија 150 лица поврзани со италијанската криминална група „Ндрангета“.
-
Свет 03.05.2023 14:37
-
Свет 03.05.2023 12:25
Осум ученици и еден чувар убиени во пукање во училиште во Белград
Во престрелката што се случи утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарт на Белград, ученик стар 14 години пукал во учениците и обезбедувањето, убил девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, ранил седум лица, од кои шест деца и еден учител.
-
Свет 03.05.2023 11:48
Постигнат договор за прекин на огнот во Газа
Израелските и палестинските вооружени групи во Газа се договорија за прекин на огнот со посредство на официјални лица од Египет, Катар и Обединетите нации.
-
Свет 03.05.2023 10:08
Пентагон испраќа 1.500 војници на границата меѓу САД и Мексико
Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе испрати 1.500 војници на границата меѓу САД и Мексико. Вашингтон очекува пораст на бројот на мигранти, по завршувањето на ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирус на 11-ти мај.
-
Свет 03.05.2023 10:05
Пукање во основно училиште во Белград, приведен ученик осомничен за нападот
Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. Според првите информации, седмоодделенец донел пиштол на училиште, пренесуваат српските медиуми.
Момчето го однело пиштолот на татко му во училиште и почнало да пука. Тој е приведен на распит во полициска станица.
-
Свет 03.05.2023 09:55
Постигнат е договор за седумдневен прекин на огнот во Судан
Постигнат е договор за седумдневен прекин на огнот во Судан. Началникот на суданската војска и водачот на паравоените сили за брза поддршка, се договорија примирјето да започне на 4-ти мај, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јужен Судан.
-
Свет 03.05.2023 09:54
Русија изврши воздушни напади врз неколу украински региони
Во текот на ноќта, за помалку од една седмица, Русија ја почна третата рунда напади врз Украина. Дрон удри во зграда во реонот на Днепар, а останатите се испратени кон главниот град, соопштија украинските власти.
-
Свет 03.05.2023 09:44
Белград и Приштина усвоија Декларација за исчезнатите лица
Во рамки на дијалогот Белград – Приштина, кој се води под покровителство на ЕУ, Вучиќ и Курти усвоија Декларација за исчезнатите лица.
-
Свет 02.05.2023 20:45
Украина: Ситуацијата во Бахмут и натаму најтешка
Над 20 илјади руски војници се убиени, а над 80 илјади ранети во изминатите пет месеци во борбите во Украина, проценуваат американските разузнавачки служби.
Повеќето руски војници се убиени во Бахмут, за кој Москва постојано тврди дека е на прагот на негово заземање.
-
Свет 02.05.2023 20:24
САД: Загинати и повредени по верижен судар во Илиноис
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени откако бура од прашина предизвика судири меѓу десетици возила на главен автопат во Илиноис, САД.
По несреќата, автопатот беше затворен во двете насоки. Според полицијата, при големиот судир некои од возилата се запалиле.









