Талибанците во Авганистан убиле еден од водачите на таканаречената Исламска држава.
-
Свет 26.04.2023 11:26
-
Свет 26.04.2023 11:09
Голем пожар во селото Шосва во Русија
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск, во подножјето на Урал.
-
Свет 25.04.2023 14:59
Бајден ќе се кандидира за претседател во 2024 година
Американскиот претседател Џо Бајден официјално објави дека се кандидира на следните избори во 2024 година.
Тој има 80 години и е веќе најстариот челник на Белата Куќа на функцијата во историјата на САД.
-
Свет 25.04.2023 14:56
Вучиќ: Суштински промени во надворешната политика
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави суштински промени во надворешната политика. Одлуката следува по вчерашното гласање во Советот на Европа за членство на Косово во таа организација.
-
Свет 25.04.2023 14:55
33 земји со поддршка за влез на Косово во Советот на Европа, меѓу нив и Македонија
Вонредните избори во општините на северот на Косово, веројатно нема да ги поместат работите од мртва точка во време кога нормализацијата меѓу Косово и Србија оди тешко, и покрај силниот притисок од Западот.
-
Свет 25.04.2023 13:32
ЕУ одобри реформа за емисиите на јаглерод
Земјите-членки на Европската унија денеска конечно ја одобрија досега најголемата реконструкција на европскиот пазар на јаглерод, со која ќе бидат поголеми трошоците на загадувачите, а ќе се зајакне способноста на Унијата да ги намали емисиите на јаглерод диоксид.
-
Свет 25.04.2023 12:35
Завојуваните страни во Судан се согласија на 72-часовно примирје
Трет обид за прекин на насилствата во Судан. Прогласено е 72-часовно примирје по неколку дена жестоки борби меѓу двете завојувани страни. Војската на Судан и Силите за брза поддршка се обврзаа дека овојпат ќе го почитуваат договореното.
-
Свет 25.04.2023 10:17
Силен земјотрес од 7,1 степени, оштетена болница
Силен земјотрес со сила од 7,1 степени по Рихтер го погоди западниот дел на Индонезија. Прогласена закана од цунами.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри на околу 170 километри. Оштетена била и болница.
-
Свет 25.04.2023 10:17
Погоден музеј во Купјанск, има луѓе под урнатините
Според кабинетот на украинскиот претседател русите извршиле напад во областа Харков. Го гранатирале и центарот на градот Купјанск. Има и повредени.
Шефот на руската дипломатија Лавров во Советот за безбедност го обвини Западот за хегемонистички планови и го бранеше нападот врз Украина.
-
Свет 25.04.2023 10:16
Почна 72-часовно примирје во Судан
Во Судан стапи на сила 72-часовно примирје, по неколку дена жестоки борби помеѓу двете завојувани војски, што доведе и до егзодус на странските дипломати од земјата.
Ова е трет прекин на насилствата досега, кој за разлика од првите два, според информациите се почитува.










