Армијата и силите за брза поддршка во Судан се согласија за 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини, но и натаму се слушаат експлозии низ улиците на Картум. Хуманитарните коридори ќе бидат отворени за евакуирање цивили. Примирјето се совпаѓа со Рамазан Бајрам.
-
Свет 21.04.2023 12:22
-
Свет 21.04.2023 12:17
Британскиот вицепремиер Доминик Раб поднесе оставка
Вицепремиерот и министер за правда на Велика Британија, Доминик Раб поднесе оставка по независна истрага за неговото однесување и наводите за малтретирање на сегашни и поранешни членови на персоналот за време на неговиот мандат во Владата.
-
Свет 21.04.2023 09:47
Вучиќ: Денот на изборите во Приштина ќе биде ужасен ден за демократијата и српскиот народ
Недела, кога во Приштина ќе се одржат избори на северот на Косово, на кои Србите нема да учествуваат, ќе биде ужасен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, вели српскиот претседател Вучиќ.
-
Свет 21.04.2023 09:41
Русите по грешка бомбардирале свој град
Русите признаа дека по грешка бомбардирале свој град. Руски воен авион случајно истрелал проектил кон рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради. На фронтот, жестоки битки во Бахмут.
-
Свет 21.04.2023 09:38
Суданските паравоени сили за брза поддршка се согласиле на 72-часовен прекин на огнот
Суданските паравоени сили за брза поддршка соопштија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини. Десетици илјади луѓе се во бегство, Обединетите нации повикаа на воспоставување хуманитарни коридори.
-
Свет 21.04.2023 09:14
Генералниот секретар на ОН Гутереш, повика на итен прекин на огнот во Судан
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Гутереш, повика на итен прекин на судирите во Судан. Во виртуелното обраќање на состанокот на арапската лига тој побара прекинот на огнот да потрае најмалку три дена поради прославата на Рамазан.
-
Свет 20.04.2023 15:01
Продолжува судирот меѓу водечките воени команданти во Судан
Жестоките судири во Судан продолжија и покрај најавениот прекин на огнот. Според очевидци, Армијата и паравоените РСФ размениле оган во главниот град Картум.
-
Свет 20.04.2023 14:20
Столтенберг во посета на Киев
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во посета на Киев, за прв пат од почетокот на руската инвазија, во знак на поддршка за контраофанзивата. Откако им оддаде почит на војниците кои загинаа, челникот на Алијансата ја прегледа оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад.
-
Свет 20.04.2023 13:37
Железницата на Франција на штрајк
Железницата на Франција на штрајк. Вработените палеа оган пред станиците во знак на револт кон пензиската реформа на претседателот Макрон.
Демонстрациите траат со недели. Французите не сакаат поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
Свет 20.04.2023 12:15
Поради штрајк откажани над 700 летови во Германија
Четири германски аеродроми ги откажаа сите полетувања поради дводневниот штрајк на вработените во безбедносната контрола.










