Индустриското производство продолжува да расте. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во ноември годинава, споредено со ноември лани, пораснало за 11,5%.
-
Економија 28.12.2015 13:42
-
Економија 28.12.2015 13:24
Нето платата во октомври 22.213 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 28.12.2015 12:57
Бензините поевтинуваат за еден, дизелот за три денари
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за еден, а дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63,50 денари.
-
Економија 28.12.2015 12:53
Пет странски компании заинтересирани за „Злетово“ и „Тораница“
Пет странски компании пројавиле интерес за преземање на рудниците „Злетово“ и „Тораница“. Станува збор за по една американска, руска, австралиско-канадска и англиска компанија како и еден американски инвестициски фонд, кои имаат искуство во менаџирање со рудници.
-
Економија 28.12.2015 11:18
НБРМ ги укина заштитните мерки кон Грција
По шест месеци, престануваат да важат посебните заштитни мерки кои македонската Народна банка ги донесе како одговор на грчката должничка криза.
-
Економија 28.12.2015 10:02
Субвенции за амбалажа на вино
Винарските визби кои извезувале флаширано вино во 2015 година ќе можат да поднесуваат барање за субвенционирање на трошоците направени за амбалажирање на виното.
Право за користење на овие средства имаат правните лица регистрирани како преработувачки капацитет за производство на вино.
-
Економија 25.12.2015 17:04
Од 1-ви јануари зголемување на минималната плата
Од први јануари ќе се зголеми минималната плата, од 9.590 денари на 10.080 денари. Нагорна корекција за околу илјада денари ќе има и во текстилната и во кожарската индустрија, кои со другите дејности треба да се изедначат до 2018-та година.
-
Економија 25.12.2015 16:00
Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат и во 2016-та
365 дена интензиво се работело на 400 километри патна мрежа. 2015-та ќе се памети по најголемите инвестиции во овој ресор од независна Македонија – отчет на министерот за транспорт, Владо Мисајловски. Најголемата меѓу нив автопатот Кичево-Охрид, инвестиција вредна 374 милиони евра.
-
Економија 25.12.2015 13:38
Намалена стапката на сиромаштија
Стапката на сиромашни лица во Република Македонија минатата година изнесуваше 22,1 отсто, што е намалување за 2,1 процент во однос на 2013-та и за 4,1 отсто во оснос на 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 25.12.2015 13:26
Мисајловски: Изградба на 24 регионални патишта и 7 автопати во 2016
Министерството за транспорт со отчет за сработеното во 2015- та година. Се работело на околу 400 километри патишта, почнала изградбата и реконструкцијата на 13 магистрални патишта во должина од 167 километри. За в година најавени нови проекти во инфраструктурата.










