„Нема да се толерира дивеење на одредени синџири на супермаркети, кои со скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите“ – премиерот Христијан Мицкоски изјави дека анализите покажале оти во одредени сектори услугите се зголемени за повеќе од 20 проценти.
-
Економија 15.08.2025 13:21
-
Економија 15.08.2025 11:19
Од денеска до 15-ти септември училишниот прибор со намалени цени од 10 и 15 проценти
Од денеска почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти и таа ќе важи од 15-ти август до 15-ти септември.
-
Економија 15.08.2025 11:00
Совет на Народна банка: Донесени одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги
На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, коишто треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и штедилниц
-
Економија 14.08.2025 20:10
Директорот на ТИРЗ во посета на компанијата Пурпласт
Директорот Гоце Димовски денес оствари официјална посета на производствениот погон на турската компанија Пурпласт која се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2.
-
Економија 14.08.2025 18:11
Излезот од скапотијата е во зголемување на домашното производство
Нашиот пазар е либерален и не може да стопираме влез на странски производи во Македонија. Но, со купувањето домашни производи, потрошувачите ги стимулираат производителите за поголемо производство, укажуваат од Комората на северозападна Македонија.
-
Економија 14.08.2025 16:04
УЈП го „чешла“ градежниот сектор
Управата за јавни приходи влегува во градежните компании. Ќе се чешла продажба во кеш, колку е изградено, колку е пријавено дека е продадено. Станува збор за над 300 градежни компании кои детално ќе се анализираат.
-
Економија 14.08.2025 13:29
Зголемено домашно производство за пониски цени
Без зголемено домашно производство не може да се очекуваат пониски цени на храната. Од некогашен извозник, земјава стана увозно-зависна. Како да се промени ваквата слика?
Марија Котовска ја следеше средбата на министерот за земјоделство со претставници на бизнис-секторот.
-
Економија 13.08.2025 15:16
Поради високите температури, родот на црвените пиперки во струмичко намален
Раздвижено во полето на струмичко Куклиш. Трактори полни со црвена пиперка се носат на откупните пунктови. Цената од 30 до 55 денари во зависност од квалитетот. Земјоделците сметат дека цените треба да се задржат оти годинава доволно количини ќе нема поради високите температури
-
Економија 13.08.2025 14:35
МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании
Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании.
-
Економија 13.08.2025 13:52
Се креираат мерки за борба против инфлацијата
Како да се спаси народот од скапотијата, да се запре растот на инфлацијата. Владата крои стратегија, најавува долгорочни мерки, народот се жали, има ли чаре за континуирано високите цени?
Известува Борис Грујоски.










