Ниски трошоци за правање бизнис, атрактивен даночен пакет, млада и образована работна сила. Над 60 менаџери на јапонски компании, на бизнис – форум во Токио, слушнаа за инвестициските можности во Македонија. Дел од нив најавија посета на земјава.
-
Економија 01.07.2014 13:02
-
Економија 01.07.2014 10:21
Можностите за инвестирање во Македонија претставени пред јапонските бизнисмени
Владиниот економски тим, предводен од премиерот Никола Груевски во Токио на бизнис форум ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија. Ниските даноци, економските развојни зони, поволната инфраструктура, се само дел од она што се нуди.
-
Економија 30.06.2014 17:17
Струјата поскапува за 3,47%, енергетските компании барале двојно повисока
Регулаторите не ги прифатија сите аргументи на енергетските компании и струјата поскапува за 3,47%, односно двојно помалку во однос на барањата. Најголеми биле апетитите на ЕВН, потоа на МЕПСО, а најмали на ЕЛЕМ.
-
Економија 30.06.2014 15:15
Нова ИТ стратегија за развој на ИТ бизнисот
Компаниите да се ориентираат кон развој на софтвер, да создаваат додадена вредност што ќе ја движи индустријата напред, факултетите кон генерирање квалитетен информатичко- комуникациски кадар. Државата ќе ги подржи и бизнисите и науката.
-
Економија 30.06.2014 14:02
Горивата од полноќ поскапуваат за два денари
Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари. -
Економија 30.06.2014 13:22
Повисока цена на струјата од утре
Од утре, цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 3,4 проценти. Соодветно ќе се зголемат скапата и евтината тарифаза домаќинствата. Досега, скапиот киловат чинеше 4,05, а евтиниот 2,03 денари.
-
Економија 30.06.2014 10:54
Премиерот Груевски со економски тим во Јапонија, Јужна Кореја и Кина
Претседателот на владата на Република Македонија, Никола Груевски, од денеска е во посета на повеќе држави од азискиот континент.
-
Економија 29.06.2014 18:39
Наскоро ќе се знае откупната цена на пченицата
Почнаа преговорите за утврдување на откупна цена на пченицата. Земјоделците и мелничарите, денес седнаа на заедничка маса во обид да најдат заеднички прифатливо решение.
-
Економија 29.06.2014 13:02
Категоризација на угостителските објекти за повисок туристички стандард
Новиот правилник за категоризација на сместувачките капацитети ќе внесе ред во досегашното собирање ѕвездички кои не секогаш ја одразуваа реалната категорија на понудата. Сега главен параметар за повисок стандард ќе бидат бодовите.
-
Економија 27.06.2014 17:54
Нови мерки за поддршка на бизнис заедницата
Станува збор за усвојување на акцискиот план на Македонската банка за поддршка на развој (МБПР), за почеток со реализација на четвртата евтина кредитна линија од нови 100 милиони евра, при што Владата ја субвенционира и каматата која изнесува максимум 5,5 проце










