Завршија преговорите меѓу тутунарите и откупувачите за новата реколта. Од Сојузот на тутунските здруженија не се задоволни од цените што им ги понудиле, а од понеделник ќе треба да се склучуваат договори.
Известува Елизабета Митреска.
Завршија преговорите меѓу тутунарите и откупувачите за новата реколта. Од Сојузот на тутунските здруженија не се задоволни од цените што им ги понудиле, а од понеделник ќе треба да се склучуваат договори.
Известува Елизабета Митреска.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за успешната политика на Народната банка во изминатиот период и справувањето со предизвиците во економското окружување.
Ограничените цени и маржи сè уште не им носат заштеди на граѓаните во домашниот буџет. Велат на производите обележани со ознака „помалку трошоци, повеќе за тебе“ не се гледа реалното поевтинување. Денар до два на некои артикли нема ефект за подобар животен стандард.
ММФ, како што е наведено во објавеното соопштение, ги нотира целите на Владата за намалување на дефицитот, за зголемување на продуктивноста, зголемување на животниот стандард и намалување на неформалноста.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Казахстан Н.Е. Сатибалди Буршаков.
Дел од трговците сè уште не ја почитуваат одлуката на Владата за намалување на цените. Од Пазарниот инспекторат велат дека постојано се на терен. Предупредувањата завршија, сега ќе следуваат казни.
Известува Андријана Ѓурческа.
Премиерот Христијан Мицкоски е во посета на Неготино. Најавени се реконструкции и изградба на инфраструктурни проекти. Премиерот Мицкоски ги коментираше и изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека парите од унгарскиот кредит предвидени за бизнисот се трошат за други намени.
Турската компанија „АКСА Енерџи“ има интерес да инвестира во земјава. Планот за вложување над милијарда евра го претстави на Владата. Изградба на гасоводна и топловодна мрежа, бесплатен приклучок до домаќинствата, пониска цена на природниот гас од берзанската.
Натписите „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ или „замрзнати цени“ веќе се истакнати во дел од маркетите. Онаму каде ги нема, веднаш да се залепат, апелира инспекцијата. Оттаму за МТВ велат дека до крајот на неделава таргет ќе бидат маркетите, бензинските пумпи и аптеките.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите уч