Производителите на пченица бараат да се намали цената на лебот. Потсетуваат дека Македонија е меѓу земјите со највисока цена на основниот прехранбен производ. Кои се аргументите на земјоделците?
Известува Елизабета Митреска.
Производителите на пченица бараат да се намали цената на лебот. Потсетуваат дека Македонија е меѓу земјите со највисока цена на основниот прехранбен производ. Кои се аргументите на земјоделците?
Известува Елизабета Митреска.
Одлуката за ограничување на маржите излезе во службен весник, но дел од трговците сè уште ги немаат намалено цените. Пазарните инспектори најавија дека секојдневно ќе бидат на терен и ќе вршат обиколка низ маркетите.
Каква е сликата во главниот град, известува Борис Грујоски.
По извршениот ненајавен увид во 4 маркети и една Стопанска комора, Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување, односно договарање на цените.
Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади и се регистрирани имаат право на 42.000 денари по хектар за сите лозја.
Услов е да имаат минимална површина од 0,2 хектара, со најмалку 1.390 садници, подигнати до пролетта 2024 година.
Вработените ги коригираат цените. Поевтинуваат над 1.000 производи, владините одлуки за ограничени профитни маржи и утврдена највисока цена стапија на сила.
По контролите на маржите на основните прехранбени продукти, земјоделците со барање до надлежните да вршат контрола и на земјоделската механизација, која како што велат тие, пред секој повик од ИПАРД програмите, цените на овие машини преку ноќ растат.
Сметководителите излегоа на протест пред Министерството за финансии. Се пожалија дека имале сериозни злоупотреби од консалтинг куќи кои им вршат задолжителни обуки.
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79.148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Почнуваат да важат владините одлуки за скалеста маржа на над илјада производи и за замрзнати цени на осумте најосновни. Надежите се дека ќе донесат поевтинување од околу 10 проценти, иако трговците негодуваа на ваквиот чекор на надлежните.