Раководството на Народната банка денеска на прес-конференција ќе ги презентира редовните пролетни макроекономски проекции.
Со есенските макроекономски проекции, Централната банка за годинава предвиде раст од 3 отсто и инфлација од 3,5 до 4 отсто.
Раководството на Народната банка денеска на прес-конференција ќе ги презентира редовните пролетни макроекономски проекции.
Со есенските макроекономски проекции, Централната банка за годинава предвиде раст од 3 отсто и инфлација од 3,5 до 4 отсто.
Субвенциите се наменети за надомест на прифатливи трошоци за вршење на вештачки мрест, за обезбедување на порибителен материјал или за рехабилитација, доградба, надградба и опремување на постоечките мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал во регистрираните репроцентри
На брегот на Охридското Езеро се очекува плодна туристичка сезона, прогнозираат експертите. На годишно ниво ќе има пораст на бројот на туристи за над 5%. Најбројни гости во Охрид пролетва се Турците, кои се дел од Балканските тури.
Компаниите во ТИРЗ во април оствариле извоз од 300 милиони евра што е за 8% во однос на истиот месец лани и 21% повеќе во однос на април 2022 година. Редовната анализа на ТИРЗ покажува дека во првите четири месеци од годинава извозот од Зоните е над 1 милијарда и 120 милиони евра.
Економијата да застане пред политиката, ветеното да се оствари, гласот на бизнисот да се слуша во креирање на политиките – прва задача за новата влада да биде забрзување на капиталните инвестиции, да се одбегне практиката да се пренасочуваат кон социјални трансфери.
Европската комисија обезбеди позајмици за Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата.
Преработувачите на земјоделските производи и задругите можат да аплицираат на новиот јавен повик од ИПАРД 3.
Огласот се однесува за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба.
Осигурителните компании денеска ги вратија старите цени на полисите за автоодговорност. Цената на полисата за автоодговорност е намалена 15,4 отсто, колку што беа зголемени на 24-ти април.
До 31-ви мај лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади како и за насади со ароматични и медоносни растенија подигнати во периодот од 1-ви мај до 31-ви декември 2023 година.
Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4.329 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,9 милиони евра, соопшти Народна банка.