Осигурителните компании контра Министерството за финансии – не ги вратија старите пониски цени на полисите и си продолжија по свое, ќе продаваат за 15% поскапо. Граѓаните реагираат.
Компаниите се правдаат дека цените биле непроменети од 2008 година.
Осигурителните компании контра Министерството за финансии – не ги вратија старите пониски цени на полисите и си продолжија по свое, ќе продаваат за 15% поскапо. Граѓаните реагираат.
Компаниите се правдаат дека цените биле непроменети од 2008 година.
Министерството за финансии денеска ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6% од БДП.
Синдикатите на протест, дел од работниците на излет или на патување, работодавачите им ги споија работните денови со празничните. Ќе се намали продуктивноста, реагира бизнисот. Потребно е системско решение, но не на грбот на работата и работниците.
Индустриското производство во март годинава во однос на март минатата година е намалено за 10,4 проценти, а за 3,1 процент во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Министерството за финансии побара одлуката за поскапување на осигурување од автомобилска одговорност да се стави во мирување. Надлежната комисија побара од компаниите да достават доволно аргументи со кои ќе докажат дека барањето за повисоки цени на полисата од 15 насто, има основ.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар по литар, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување.
Од 10 до 20 отсто се поскапи аранжманите за разлика од минатата година. Понудата е поголема од побарувачката-вели претседателот на Угостителско-туристичката комора, Аркан Керим.
Народната банка, на денот на монетарната самостојност, 26 април, традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството.
Позитивната деловна клима за инвестирање, брзи и ефикасни процедури и постапки за реализација на инвестиции, како и пристап до квалификувана работна сила се клучни за турските инвеститори во земјава.