Годинава за така наречената „зелена нафта“ се обезбедени вкупно 522 милиони денари. Субвенцијата е 100 проценти од трошоците за обработка на насадите и посевите на нивата.
-
Економија 20.02.2024 08:10
-
Економија 19.02.2024 14:04
Еуродизелот и екстра лесното масло поскапуваат за денар
Малопродажните цени на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемуваат за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуродизелот ќе биде 80,5, а на екстра лесното масло за домаќинство 77,5 денари за литар.
-
Економија 19.02.2024 08:10
Заштита на домашните автохтони раси добиток
Во тек е конкурсот за избор на овластен субјект за заштита на биолошката разновидност на домашните раси на добиток за оваа година.
Дејноста може да ја врши само специјализирана институција од областа на сточарството со соодветна техничка и кадровска опременост.
-
Економија 18.02.2024 11:28
Оризопроизводителите се подготвуваат за сеидба, но и за штрајк
Стари проблеми во новата сеидбена сезона на оризот. Скапи репроматеријали, несертифицирано семе, доцнење на субвенциите.
-
Економија 16.02.2024 16:25
Нов модел на економски развој
Ниту една влада досега немала доволно слух за проблемите на бизнисот. Бараат мислење од стопанството за работи кои веќе самите ги донеле.
-
Економија 16.02.2024 15:32
Битиќи: Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот
Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска одржа работен состанок со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот м-р Јасмина Лескаровска, а на кој присуствуваа и Ана Ѓорѓиевска, член
-
Економија 16.02.2024 14:55
Повисока цена на бензинот од полноќ
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемува за 2 денара и ќе чини 85,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 16.02.2024 13:38
Министерството за економија го затвара огласот за доделување на ваучери за туризам за работници со ниски приходи
Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 16.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот повик за организирање на одмор за работници со ниски приходи за 2024 година.
-
Економија 16.02.2024 10:55
Дваесет инвестициски проекти доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ
Дваесет инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Апликантите се средни и големи компании од Кавадарци, Скопје, Струмица, Кочани и Битола.
-
Економија 16.02.2024 08:01
Финансиска поддршка во овоштарството
Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари збирно за сите видови овошки.
Финансиската поддршка изнесува 12.000 денари по хектар.










