Македонската економија умерено забавува, годинава ќе ја заврши со раст од 1,9 проценти. Есенските проекции на Народната банка со надолна корекција за Бруто домашниот производ, и пооптимистичко сценарио за закрепнување на среден рок од 3,5 до четири насто.
-
Економија 09.11.2023 17:31
-
Економија 09.11.2023 16:08
МЗШВ: Со нашето искуство ќе помогнеме Азербејџан успешно да го реализира процесот на консолидација
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со претставници на Министерството, претставници на државните институции во делот на земјоделството и претставници на ФАО, денеска пред делегацијата на Република Азербејџан ги презентираа позитивните искуства на нашата
-
Економија 09.11.2023 12:48
130 компании досега платиле солидарен данок
130 компании од 156 досега платиле солидарен данок, информира Управата за јавни приходи. Собрани се речиси 3,3 милијарди денари.
Истекува рокот до 24-ти ноември што даночниците им го дадоа на фирмите што ја имаат оваа обврска, пред да бидат ставени под блокада. Остануваат уште 26.
-
Економија 09.11.2023 08:48
Евиденција на локални акциски групи
На јавниот повик право на учество имаат ЛАГ-те основани како трговско друштво, задруга или здружение на граѓани на една територијална целина со населени места од најмалку 5.000 до најмногу 100.000 жители.
-
Економија 08.11.2023 20:19
Нов обид за спас на Железницата
МЖ-Транспорт преку емисија на хартии од вредност ќе собере 15,7 милиони евра. Со парите треба да ѝ се помогне на Железницата да застане на нозе. Во најава е и либерализација што отвора дилеми што ќе се случува со двете претпријатија во државна сопственост.
Известува Мартин Пушевски
-
Економија 08.11.2023 16:02
МФ за извештајот на ЕК: Законот за буџети ја зголемува фискалната одржливост
Новиот Закон за буџети со кој се воведуваат фискалните правила и Фискалниот совет, како и среднорочна буџетска рамка, значително ја зголемуваат фискалната одржливост, се наведува во Извештајот на Европската комисија за земјава.
-
Економија 08.11.2023 14:31
Од полноќ поевтинува мазутот
Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг.
-
Економија 08.11.2023 12:38
Бектеши на средба со новоименуваниот австриски амбасадор Памер
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер.
-
Економија 08.11.2023 10:22
Следната недела нов пакет антикризни мерки
Следната недела ќе биде објавен новиот пакет антикризни мерки, најавија од Владата. Во меѓувреме, мерката со која дел од прехранбените производи се продаваат со „гарантирана цена“ е продолжена до крајот на годината.
-
Економија 08.11.2023 08:45
Лиценци за проценители на тутун
Во тек е пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за процена на тутунот. Крајниот рок за поднесување на документите е до 20-ти ноември.









