И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите.
И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска на прес – конференција изјави дека ќе има поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, леб, брашно, млеко, месна, живинарска индустрија и масло за јадење.
За околу 20 проценти се зголемуваат откупните цени на тутунот. Сојузот на земјоделски здруженија го потврдува договорот со 4 откупни компании, а другите, велат, ќе го следат нивниот пример.
Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед кој е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник во министерството, Трајан Димковски, денес во Кавадарци остварија средба со земјоделците о
Прилепчанката Викторија Наумоска е млада адвокатка која три години го води својот бизнис. Имала поддршка со грантови од Агенцијата за вработување, но наидува на препреки и проблеми. Недоволна комуникација со институциите, со предрасуди дека тоа не е женска работа.
АД ЕСМ на 27.10.2022 година произведе 10.986 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи, информираат од владината прес служба.
Една цена на рафт, друга на каса. Потрошувачите најмногу се жалат на неуредноста на трговците и високите цени на производите. Организацијата на потрошувачи вели дека инспекциите знаат за проблемот, но мора да прават поголеми контроли за да се заштитат потрошувачите.
Регулаторната комисија за енергетика излезе со корекција на цените на нафтените деривати.
Промена има само кај цената на бензинот од 98 октани. Поскапува за 2 денари и ќе се продава за 92,5 денари за литар.
Цените на другите нафтени деривати остануваат непроменети.
Во последните пет години, Дирекцијата за слободни економски зони има доделено државна помош во вкупен износ од 75,5 милиони евра, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија. Од нив, 37,5 милиони се директно исплатени средства од Буџетот, а 38 милиони се даночни и царински ослободувања.