Со 154 милиони денари годинава ќе бидат субвенционирани органските производители на храна.
Најголемиот дел односно 68 милиони денари се наменети за органското сточарство, а 25 за растителното производство.
Со 154 милиони денари годинава ќе бидат субвенционирани органските производители на храна.
Најголемиот дел односно 68 милиони денари се наменети за органското сточарство, а 25 за растителното производство.
Лозарите се жалат, дојде време на овогодишната берба а дел од нив уште ги немаат добиено парите од ланскиот род. Тие ги предале грозјето а парите уште не легнале на нивните сметки. Заради остарување на нивните права тие мораат да одат на суд и да плаќаат дополнителни трошоци.
Лозарите од Тиквешијата и Валандовско протестираа, а како причина ја наведоа ниската откупна цена на грозјето. Неколку часа беше блокиран излезот и влезот во Неготино од правец на автопатот од Скопје.
Курсот на денарот е стабилен, а високо капитализираниот банкарски сектор оди во прилог на потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија од агенцијата „Стандард и Пурс“, односно „бб минус“, со стабилен изглед.
Владините мерки даваат позитивни резултати во континуирано зголемување на просечната месечна нето-плата. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во јуни годинава просечната нето-плата по вработен достигна 31.869 денари, што е за 3.125 денари повеќе од лани истиот месец.
Во јули годинава според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,4 проценти и 13,5 проценти, соодветно, покажуваат податоците на На
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Дизелот и екстра лесното од полноќ поскапуваат за два денари. Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка. Дизелот ќе се продава за 92 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 88,5 денари.
Платежната агенција го објави ИПАРД огласот за поддршка за инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Со овој јавен повик на земјоделците на располагање им се 5 милиони евра.
Институциите ќе бидат принудени да штедат струја, но за домаќинствата тоа не е можно – анализира професорот Константин Димитров, бидејќи како што вели граѓаните и сега трошат помалку електрична енергија за да плаќаат пониски сметки.