Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година.
-
Економија 16.05.2022 12:33
-
Економија 16.05.2022 11:12
МЗШВ: На 20-ти мај истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за поддршка при набавка на трактор
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци дека истекува рокот на јавниот повик за користење на средства за набавка на трактор. Токму затоа, ги повикуваме сите заинтересирани лица кои не аплицирале дека имаат време до 20-ти Мај.
-
Економија 16.05.2022 10:59
Скок на цената на пченицата на светските пазари
Цената на пченицата на меѓународните пазари скокна и достигна рекордно ниво во последните два месеци, откако Индија, како втор најголем производител во светот, го забрани нејзиниот извоз.
-
Економија 16.05.2022 09:46
Бесими: Со реструктуирање на буџетот ќе се направи простор евентуално за нови антикризни мерки
Преку реструктуирање на буџетот ќе се направи простор и за евентуални мерки кои ќепомогнат во надминување на кризата. Секаде каде што може, ќе се крати соребалансот,на кој веќе се работи, пишува во својата колумна министерот за финансии, ФатмирБесими.
-
Економија 15.05.2022 12:18
АДКОМ бара од Владата повластена цена на електричната енергија и поволни кредити за фотоволтаични централи
Јавните комунални претпријатија на истокот тонат во долгови, сметките за електрична енергија се четирикратно зголемени. Долговите се плаќаат на рати, но тоа не го решава проблемот.
-
Економија 14.05.2022 09:55
Отворањето на границите за извоз на маслото за јадење не предизвика намалување на понудата во маркетите
Првите денови откако Владата дозволи извоз на масло за јадење, во маркетите не се почувствува негов недостаток. И производителите и трговците како и дел од потрошувачите имаат свои залихи. Поради тоа нема навалица по еден од основните прехранбени продукти, зејтинот.
-
Економија 14.05.2022 09:42
Силен удар врз малите и средните претпријатија во полошко
Дел од суровините за производство ги нема, на останатите им расте цената. Војната во Украина го погоди приватниот сектор во полошко, кој е зависен од увоз на репроматеријали, чија цена постојано расте, покажуваат анкетите на Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово
-
Економија 14.05.2022 09:07
ВМРО-ДПМНЕ: 100 милиони евра заем за ЕЛЕМ, долг кој ќе го плаќаат граѓаните
„Електрани на Македонија со нов долг кон ЕБОР од 100 милиони евра за покривање на криминалот кои оваа неспособна и криминална власт на СДСМ и ДУИ го прави во ЕЛЕМ.
-
Економија 13.05.2022 16:02
Нов тарифник за електрична енергија, најави Битиќи
Покачувањето на цените на гасот на берзите, може да влијае да се зголеми цената на струјата. Таа на пазарот во Европа е висока околу 230 евра за мегават час. Дали ќе има нова нагорна корекција во земјава ќе се знае до крајот на месецов.
-
Економија 13.05.2022 15:18
Ребалансот на буџетот за десетина дена на владина седница
За десетина дена ребалансот на буџетот ќе се најде на владина седница. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи засега не може да каже колкави ќе бидат побарувањата на нашата држава од ММФ и од други извори.










