Продолжуваат да течат сите рокови на претходните објавените повици од ИПАРД 2 Програмата кои беа ставени во мирување заради пандемијата со Ковид- 19.
-
Економија 21.07.2020 11:18
-
Економија 20.07.2020 13:35
Бензините поевтини за 1,5, дизелот за половина денар
Од полноќ цените на дериватите се намалуваат во просек за 1,61% , соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 18.07.2020 16:45
Охридските хотели почнаа да се полнат со домашни туристи
Иако временските услови викендов не им се наклонети на охриѓани, сепак на крајбрежјето на Охридското Езеро допатуваа туристи од целата земја. Искористеноста на поголемите хотелски капацитети се движи помеѓу 30 и 40, а во оние со помалку легла и до 60 проценти.
-
Економија 17.07.2020 16:54
За еден месец тендер за експресниот пат Градско- Прилеп
За еден месец ќе добијат тендер трите ленти од патната делница Фариш- Прилеп од магистралниот пат Прилеп- Градско и делницата Фариш- Дреново од експресниот пат до Прилеп за да продолжат работите. Тоа значи дека ќе се надминат застоите на експресниот пат.
-
Економија 17.07.2020 16:35
Истекува рокот за издавање домашна платежна картичка
Истекува рокот за издавање домашна платежна картичка на граѓаните кои што ги исполнија условите за оваа владина мерка за поддршка на економијата, за справување со корона-кризата.
-
Економија 17.07.2020 15:16
Германската економија заживува, но неизвесна е брзината
Податоците на Еуростат за месец мај охрабруваат, покажуваат дека германската економија заживува, односно забележала раст на индустриското производство за 9,7%.
-
Економија 16.07.2020 13:21
НБРМ: Неизвесноста и ризиците од пандемијата на Ковид-19 и натаму се присутни
Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија.
-
Економија 16.07.2020 10:41
Земјоделство: Брања за субвенции до 31-ви јули
Со 24 милиони евра годинава ќе се субвенционира сточарското производство, а растителното со 16,2 милиони евра.
Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии и осигурување, за заштита на земјоделското земјиште, за млади земјоделци и жени носители на земјоделски стопанства.
-
Економија 13.07.2020 14:31
Светска банка: Сиромаштијата е закана за Западен Балкан
Првичните предвидувања на Светска банка говореа дека влијанието на Ковид 19 врз глобалната економија може да турне 71 милион луѓе во екстремна сиромаштија, односно да имаат помалку од 1,9 долари за покривање на дневните потреби.
-
Економија 13.07.2020 14:04
Горивата поскапуваат од половина до еден денар
Поскапуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија донесе одлука- од полноќ Еуросупер- 98 и екстра лесното масло ќе имаат повисока цена за половина денар и ќе се продаваат за 63,5 денари за литар односно 53 денари.










