Буџетскиот дефицит од 470 милиони евра во 2018-та ќе се финансира од домашниот и од странскиот пазар, вели министерот за финансии. Според Тевдовски, странското задолжување ќе зависи од висината на каматната стапка.
-
Економија 13.11.2017 15:12
-
Економија 13.11.2017 13:11
ММФ: Македонија годинава со раст од 1,9 отсто- догодина 3,2 проценти
Меѓународниот монетарен фонд ја ревидираше прогнозата за Македонија. Проекциите се дека годинава наместо 3,2 насто, ќе имаме економски раст од 1,9 проценти. За следната година, пак, монетарците предвидуваат позитива од 3,2, а во 2019-та од 3,4 проценти.
-
Економија 13.11.2017 13:07
Поскапуваат бензините и дизелот
Горивата поскапуваат од полноќ. Цената на бензинот од 95 октани ќе биде повисока за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 66,5 денари. За три денари поскапува бензинот од 98 октани, па новата цена е 68,5 денари. За два денара нагоре и цената на дизелот, на 54 денари за литар.
-
Економија 13.11.2017 10:11
Подготовки за откуп на тутунот
Според пријавените договори од деветте откупни претпријатија од реколта 2017-та година, се очекува да се откупат 26.000 тони суров тутун.
-
Економија 10.11.2017 16:13
Заев: Државната каса има развојна компонента
Буџет со развојна компонента, во фокусот напредок на економијата, отворање нови работни места– ова е главната карактеристика на предложената државна каса за в година, оцени премиерот Заев.
-
Економија 10.11.2017 15:07
5,4 милиони евра за регионален развој
Анализа за трошењето буџетски средства по региони, пари за ранливите категории граѓани, реализација на иновативни и инфраструктурни проекти. Ова се трите компоненти на проектот за регионален развој.
-
Економија 10.11.2017 12:43
Заев: Буџетот со развојна компонента, обезбедени повеќе пари за граѓаните и за стопанството
Владата го усвои предлог-буџетот за в година и го прати во Законодавниот дом. Премиерот Заев вели – државната каса има развојна компонента, обезбедени повеќе пари за граѓаните и за стопанството.
-
Економија 10.11.2017 10:37
ЕК: Македонија со раст од 1,7% годинава, во 2018-та 2,7%
Европската комисија во најновиот есенски економски извештај предвидува дека земјава годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 насто. Како причини за намалувањето се последиците од продолжената политичка криза по што Европската комисија очекува враќање на инвеститорите.
-
Економија 10.11.2017 10:21
Цените на храната во октомври пониски на светско ниво
Цените на храната во светот во октомври се намалени во споредба со претходниот месец. Поевтини биле сите прехранбени производи, освен житарките.
-
Економија 09.11.2017 15:03
Реформа кај данокот на добивка
Владата веќе најави воведување на прогресивна стапка кај персоналниот данок на доход за највисоките плати од 1 јануари 2019-та, но во ресорот за финансии се работи и на реформа кај данокот на добивка.










