Советот за јавни набавки згаснува, најави министерот за финансии Тевдовски. Од идната година нов Закон за набавка на јавни добра. Ќе се ревидира и критериумот на најниска цена.
Се очекува Советот да престане да функционира од декември годинава.
Советот за јавни набавки згаснува, најави министерот за финансии Тевдовски. Од идната година нов Закон за набавка на јавни добра. Ќе се ревидира и критериумот на најниска цена.
Се очекува Советот да престане да функционира од декември годинава.
Иако во последниве десетина години младите го осознаваат претприемништвото и во подем е бројот на лица кои се одлучуваат да водат свој бизнис, сѐ уште не може да се каже дека Македонија е со развиена претприемачка економија.
Советот на Сојузот на синдикати на Македонија на седница одлучува кои кандидати ќе бидат предложени за иден лидер на ССМ на претстојниот вонреден конгрес најавен за 11-ти ноември.
Од први јануари акцизата за нафтата ќе биде повисока за три проценти, цената на дизелот ќе поскапи за 3,5 денари. Зголемувањето е проектирано во Предлог- буџетот за 2018-та.
Народната банка ја ревидираше проекцијата на раст на БДП за годинава на 0,5 нaсто. Претходно, во априлската проекција изнесуваше 2,5 проценти.
Кои се економските предизвици на патот кон Европската Унија. Брисел отворено испраќа сигнали за нов бран проширување во 2025-та, но дали Западниот Балкан е подготвен за интеграција во Унијата.
Македонија може да стане центар за паметни индустрии. Земјава има квалитетен кадар и соодветна инфраструктура- оценија говорниците на вториот ден од Самитот „Македонија 2025“. Успешните Македонци во светот ги споделија последните трендови во бизнисот, лидерството и иновациите.
Народна банка очекува за годинава економскиот раст од 0,5 проценти, што е надолна проекција споредено со таа од април, кога прогнозираше раст од 2,5 проценти.
Владата го ревидира растот на бруто- домашниот производ за годинава на 1,6 проценти, наместо првично планираните 2,2 отсто.
Со зголемување на акцизата и ДДВ-то, цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари- соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна дебата на која се претставува Предлог-буџетот за 2018-та година.