Повеќе од милион бегалци преку копнен или морски пат стигнале во Европа во текот на 2015-та година, соопшти Меѓународната организација за миграција. Најголем дел, одосно 800 илјади дошле преку Турција и Грција.
Вести
-
Свет 22.12.2015 12:18
-
Свет 22.12.2015 12:04
Русија и Франција ќе разменуваат податоци за екстремистите од ИД
Русија и Франција се договорија да разменуваат разузнувачки податоци за екстремистите од Исламска држава, соопшти францускиот министер за одбрана Дријан.
-
Свет 22.12.2015 11:59
Вонредна состојба во Мали
Владата на Мали прогласи десетдневна вонредна состојба поради закани од неименувани џихадистички групи. „Вонредната состојба е со цел владата да може да преземе соодветни мерки поради сериозните закани по безбедноста на луѓето“, се вели во владиното соопштение.
-
Македонија 22.12.2015 11:47
За 24 часа издадени 1.492 потврди за азил
Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.492 странски државјани, од кои 656 се од машки пол, 324 се од женски, 508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патува без роди
-
Македонија 22.12.2015 10:45
Утрово во Битола најзагаден воздухот
Битола, Тетово, Скопје и Кичево утрово имаат загаден воздух со концентрации на ПМ10 честичките над 180 микрограми на метар кубен. Над дозвелените се и концентрациите во Кавадарци и Кочани.
-
Економија 22.12.2015 10:18
Бавен економски раст во Европа во 2016-та
Поголемиот економски раст во Европа охрабрува, но се уште не е доволен, оценува претседателот на германскиот Совет на економски експерти Кристоф Шмит.
-
Македонија 22.12.2015 10:09
Два милиони евра за развој на земјоделските задруги
Два милиони евра од европскиот ИПА фонд кои се наменет за рурален развој ќе се искористат за поддршка на земјоделските задруги.
-
Свет 22.12.2015 08:36
ИД изгубила 14 проценти од територијата која ја контролирала во 2014
Џихадистичката група Исламска држава оваа година изгубила 14 проценти од територијата, која ја контролирала во 2014, според истражување на британскиот институт за одбрана „Ај Ејч Ес Џејнс“ (IHS Jane's).
-
Македонија 22.12.2015 08:32
Намалена видливост кај Гостивар, Струмица, Паланка и Павлешенци
Поради магла намалена видливост има кај Гостивар и Струмица 50 метри и Крива Паланка и Павлешенци 30 метри.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
-
Економија 22.12.2015 08:30
Ќе се зајакнува соработката меѓу бизнисмените и Инспекцискиот совет
Сојузот на стопански комори на Македонија и Инспекцискиот совет денеска ќе потпишат меморандум за соработка во насока на зголемено делување за намалување на нелојалната конкуренција.










