Руски суд распиша меѓународна потерница по поранешниот нафтен магнат и бизнисмен Михаил Ходорковски. Познатиот критичар на Кремљ на почетокот на месецов е обвинет за организирање на убиство и два обиди за убиства.
Вести
-
Свет 23.12.2015 12:19
-
Свет 23.12.2015 12:12
Најмалку 200 цивили загинале во руските воздушни напади во Сирија
Во руските воздушни напади во Сирија загинале најмалку 200 цивили, објави Амнести Интернешнал. Организацијата истражила 25 бомбардирања во пет области меѓу 30 септември и 29 ноември.
-
Култура 23.12.2015 12:03
Традиционален новогодишен концерт на „Танец“
Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечерва на големата сцена на Македонската опера и балет ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.
-
Македонија 23.12.2015 12:01
Акција „Геодет“: Притвор за две лица, за 17-мина осомничени превентивни мерки
Две лица осомничени за примање поткуп, а приведени во вчерашната акција „Геодет“ од судија на предходна постапка заработија притвор. 17-мина осомничени за злоупотреба на службената положба, за поткуп и за поднесување лажни документи, добија куќен притвор и им се одземени патните исправи.
-
Свет 23.12.2015 11:49
Експлозијата на аеродромот во Истанбул- можен терористички напад
Турската полиција ја истражува како можен терористички напад експлозијата на аеродромот Сабиха Гокчен.
Едно од двете лица кои беа ранети им подлегна на повредите. Станува збор за 30-годишна жена која чистела паркиран авион.
-
Македонија 23.12.2015 11:37
Средба на вицепремиерот Бесими и министерот Спасовски
Во Министерството за внатрешни, средба на вицепремиерот за евроинтеграции Бесими и министерот Спасовски. Разговарано за спроведувањето на реформите по препораките од Брисел.
-
Македонија 23.12.2015 11:22
Ќе се избира генерален секретар на ДИК
Државната изборна комисија го усвои правилникот за утврдување на начинот и постапката за избор на Генерален секретар на комисијата.
-
Македонија 23.12.2015 11:17
За 24 часа издадени нови 2.283 потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.283 странски државјани, од кои 969 се од машки пол, 477 се од женски, 827 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патува без родител
-
Свет 23.12.2015 11:02
Ирачките сили во офанзива за ослободување на Рамади од ИД
Ирачките сили влегоа во центарот на Рамади во вториот ден од офанзивата за ослободување на градот од Исламска Држава.
-
Свет 23.12.2015 10:59
Хрватска денеска мора да добие мандатар
Хрватска до вечерва мора да добие мандатар на новата влада или ќе има нови избори, порача претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.










