Последиците од врнежите што паднаа во тетовско во изминативе денови се помали излевања на речните текови во Мала и во Голема Речица, но без поголеми материјални штети. Жителите стравуваат од повторување на поплавите од пред два месеца.
Вести
-
Македонија 12.10.2015 16:32
-
Македонија 12.10.2015 16:26
Пешевски: Штетите од невремето во кумановско со ограничен обем
Штетите од невремето во кумановско се со ограничен обем, процени тимот на вицепремиерот Владимир Пешевски по увидот на теренот. Поплавени се катови од куќи, подруми, дворови и земјоделска површина. Екипите на општината се задолжени во наредните денови да направат евалуација на штетата.
-
Економија 12.10.2015 16:14
Две нови инвестиции во ноември- нови две илјади вработувања
Две нови инвестиции во ноември и вработување за 2 илјади луѓе најави премиерот Груевски. И двете се американски компании. Во ноември ќе ја официјализираат својата инвестиција во земјава. Едната ќе вработи дополнителни 500 луѓе, а втората ќе отвори 1.500 работни места.
-
Македонија 12.10.2015 15:12
Владата донесе одлука за изградба на нов студентски дом во Скопје
Со изградбата на новиот студентски дом ќе им се излезе во пресрет на многу студенти. Ќе се решат проблемите што со години ги мачат. Во наредните десетина дена ќе се дознае и точната локација.
-
Економија 12.10.2015 15:08
Најавени две нови американски компании
До ноември, две американски компании ќе инвестираат во земјава. Првата треба да вработи 500, а втората 1.500 работници.
Ова го најави претседателот на владата Никола Груевски, образложувајќи дека поради деловната политика на компаниите не може да даде повеќе информации.
-
Македонија 12.10.2015 14:58
24- годишен прилепчанец загина во сообраќајка
Прилепчанец се удави во нива поплавена од синоќешните изобилни дождови. Сообраќајната несреќа се случила на патот Прилеп- Кривогаштани, во близина на селото Славеј.
24 годишното момче излетало со возилото „Рено меган“ во нива, се претпоставува поради неприспособена брзина.
-
Македонија 12.10.2015 14:56
Кривични пријави за двајца адвокати од Штип
МВР било оштетено со 5,6 милиони денари откако двајца штипски адвокати фалсификувале потписи на 124-ца полицајци за да ги застапуваат во спор против Mинистерството.
-
Свет 12.10.2015 14:07
ИД е главен осомничен за нападите во Анкара
Двајца мажи, припадници на Исламска држава ги извршиле самоубиствените бомбашки напади во близина на железничката станица во Анкара.
-
Македонија 12.10.2015 13:59
МВР: За 24 часа издадени 1.974 потврди за азил
Во последните 24 часа издадени се потврди на 1.974 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
-
Македонија 12.10.2015 13:35
Градот Скопје испрати помош за поплавените делови на Македонија
По интензивни врнежи од дожд кои ја зафатија државата и регионот и кои предизвикаа поплави во Охрид и околината, Градот Скопје вчеравечер испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите.










