„Дел“, третиот по големина производител на персонални компјутери, ја купи компанијата за чување податоци „ЕМЦ“ за 67 милијарди долари, со што ја направи најголемата технолошка зделка на сите времиња.
Вести
-
Свет 13.10.2015 11:34
-
Свет 13.10.2015 11:30
Парламентот на Иран го одобри нуклеарниот договор
Парламентот на Иран го одобри нуклеарниот договор со шесте светски сили. Сепак, пратениците инсистираа меѓународните инспектори да имаат само ограничен пристап до воените локации.
-
Свет 13.10.2015 11:22
Косовскиот опозиционер Курти пуштен од притвор
Косовскиот опозициски пратеник Албин Курти е пуштен од притвор. Беше уапсен поради инцидентот кога отвори солзавец во парламентот во протест против договорот со Србија. Во текот на ноќта демонстранти со молотови коктели ја кренаа на нозе Приштина, барајќи негово ослободување.
-
Македонија 13.10.2015 11:19
Се уште нема разврска во преговорите за изборната регулатива
Роковите течат, а се уште нема разврска во преговорите за изборната регулатива. До 20-ти месецов треба да се изберат и новите министри и заменици министри во Владата, по предлог на СДСМ.
-
Македонија 13.10.2015 11:03
Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево- Осломеј, повредени 18 лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрината околу 7 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј кај селото Мамудовци. Во сударот меѓу две патнички комбиња и едно товарно возило повредени се 18 лица од кои 6 со тешки повреди се хоспитализирани во охридската болница „Св.
-
Економија 13.10.2015 10:55
Иновациите и енергетската ефикасност во фокус на „Технома 2015“
Иновациите и енергетската ефикасност ќе бидат во фокусот на годинашниов саем „Технома 2015“. На 41-от по ред меѓународен саем на металургијата, електрониката, градежништвото, обезбедувањето и заштитата, ќе се претстават над 185 домашни и странски компании.
-
Економија 13.10.2015 10:48
Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Куманово
Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре ќе биде во Куманово, каде што ќе бидат презентирани можностите што ги нуди проектот.
-
Македонија 13.10.2015 10:45
Над 56 илјади повици досега на „Ало докторе“
На бесплатната телефонска линија „Ало докторе“ (02/ 15 123) за една недела медицински совет побарале 1.168 граѓани. Од отворањето на линијата на 16-ти септември досега се регистрирани 56.481 повик.
-
Македонија 13.10.2015 10:32
Oбјавен е оглас за продажба на 177 хектари државно земјоделско земјиште
Површините кои се нудат на продажба се до 10 хектари и се наоѓаат во повеќе општини.
Право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица кои најмалку пет години имаат живеалиште или седиште на подрачјето во општината во која се наоѓа парцелата.
-
Македонија 13.10.2015 09:08
Почнува расправата за Буџетот за 2016-та
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува расправата по предложениот Буџет за 2016-та година.










