Белоруската писателка и новинарка Светлана Алексијевич е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2015 година.
Комитетот во Стокхолм за нејзиното пишување рече дека е „споменик на храброста и страдањето на нашето време“.
Белоруската писателка и новинарка Светлана Алексијевич е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2015 година.
Комитетот во Стокхолм за нејзиното пишување рече дека е „споменик на храброста и страдањето на нашето време“.
Нема напредок во разговорите на 4-те политички партии за изборната регулатива. Извесно е дека предлог-законите за необјавување на прислушуваните разговори и за таканаречените „свиркачи“, ќе бидат усвоени во Собранието до 20-ти октомври.
Вицепремиерот за европски прашања Бесими и министерот за внатрешни работи Чавков на координативен состанок со претставници на Европската унија. Презентирани владините планови за справување со бранот мигранти од Блискиот Исток и од Африка.
Албанскиот амбасадор во Србија одбил да ја прими протестната нота од српското МНР, по вчерашното каменување на автобусот на српската фудбалска репрезентација на пат од аеродромот до хотелот во Тирана.
Во скопско Арачиново и во Куманово, изутрината е спроведена полициска акција, во која се уапсени лихвари, трговци со дрога и оружје. Осомничени се и судии.
Заклучно до утре, специјалниот јавен обвинител Катица Јанева треба до Советот на јавни обвинители да достави општ работен, персонален и финансов план, информираат од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.
„Ако Унијата навреме го интегрираше Балканот, состојбата со мигрантите ќе беше поинаква“ – став на претседателот Ѓорге Иванов на конференцијата – Што значи солидарноста во котекст на актулените глобални предизвици.
Според регионалниот Центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, од СВР Куманово е добиено известување за пронајдени неексплодирани бојни средства во близина на Железничката станица.
Владата исплати 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопштуваат од Министерството за финансии.
Од денеска Македонија на „стрит вју“ мапите на Гугл (Google Street View)– со еден клик може да се направи прошетка низ Скопје, Битола или Охрид. На мапата се најдоа и панорамски слики на некои од најважните туристички и историски локалитети.