Политичките аналитичари се едногласни дека локалните избори донесоа промени во вкупниот политички амбиент во кој се истиснува етничката гетоизација, а се наметнуваат политичките групации со слична идеолошка основа кои ќе се трудат да ги надминат етничките бариери.
Вести
-
Македонија 03.11.2025 14:42
-
Македонија 03.11.2025 14:34
Почна имунизацијата против грип со комерцијални вакцини, чинат 700 денари
Граѓаните кои не припаѓаат во ризичните категории, а сакаат да се заштитат од сезонскиот грип, можат да примат вакцина во центрите за јавно здравје низ државата. Почна имунизацијата со комерцијалните вакцини кои чинат 700 денари.
-
Македонија 03.11.2025 14:17
Контејнерите испразнети, сметот остана околу нив
Повеќето контејнери низ главниот град се веќе испразнети, но сепак може да се забележи на многу локации смет околу контејнерите.
-
Економија 03.11.2025 13:48
Повисока цена на горивата од полноќ
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
-
Македонија 03.11.2025 13:32
Обраќање на претседателот на ПССЕ
Во Собранието прва пленарна седница по паузата поради локалните избори. Пред пратениците обраќање на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.
Игор Панов е во законодавниот дом.
-
Македонија 03.11.2025 13:22
СДСМ на своето конто додаде уште три општини, најавени кадровски промени
Социјалдемократскиот сојуз освои уште три градоначалнички места, вкупно шест на овие локални избори. Според претседателот на партијата Филипче, СДСМ останува втора партија по големина. Најави кадровски промени во раководството, но и партиски конгрес.
-
Македонија 03.11.2025 13:20
ВМРО-ДПМНЕ освои 55 општини
Голема победа на коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, објави Мицкоски. Ова е победа на вербата и надежта, но и порака-да не се забегува во победата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓорѓиевски победи убедливо во Скопје во однос на противкандидатот Мециновиќ.
-
Македонија 03.11.2025 13:15
Првични резултати од Локалните избори 2025
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го зголемија бројот на освоени општини. Во вториот круг во битката за Скопје, победи Орце Ѓорѓиевски. СДСМ доби уште три општини. „Вреди“ со предност пред Националната алијанса за интеграција. -
Македонија 03.11.2025 12:56
Излезноста на локалните избори падна под 50% – најниска од независноста на земјава
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на првиот круг од локалните избори 2025 за градоначалници, одѕивот изнесувал 48,30% од вкупно 1.832.415 регистрирани избирачи.
-
Македонија 03.11.2025 12:37
Над 19.000 неважечки ливчиња во вториот круг – во Скопје секое шеснаесетто неважечко
Во вториот круг од локалните избори за градоначалници, што се одржа во 33 општини, според податоците од гласањето, вкупно 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки. Тоа претставува 5,6 отсто од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање.










