Вести

  • Македонија 14.09.2015 10:29

    Утре истекува рокот за избор на специјален обвинител

    Утре истекува рокот за избор на специјалниот обвинител. По работниот викенд на политичките партии, нема официјални информации дали е постигнат договор.

    Според последната изјава на белгискиот експерт Ванхауте подготвена е предлог верзијата за измена на Законот.

  • Македонија 14.09.2015 08:46

    Скопската обиколница затворена за сообраќај

    Поради снимање на францускиот филм „А Фонд“, скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај во двете наредни работни седмици (од 14-ти до 18 септември и од 21-ви до 25 септември), како и на 28 септември, соопшти Автомотосојузот на Македонија по известувањето од продукцијата „Мануфактура“.
  • Економија 14.09.2015 08:43

    Македонска берза одбележува 20 години

    Македонската берза денеска ќе одбележи 20 години од одржувањето на основачкото собрание на акцинери на Берзата.
     
  • Македонија 14.09.2015 08:39

    На „Ало докторе“ за една година 51.700 повици

    Медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) во изминатата недела побарале 1.175 лица. Од воведувањето на линијата, од 15 септември минатата година, досега се регистрирани 51.700 повици. 
     
  • Свет 13.09.2015 21:17

    34 мигранти се удавија во близина на грчкиот остров Фармакониси

    Триесет и четири бегалци се удавија денеска во близина на брегот на грчкиот остров Фармакониси, на околу 15 километри од турскиот брег.

    Дрвениот брод, со кој патувале имигрантите, се превртел рано денеска на околу три милји источно од островот, најверојатно поради силниот ветер.

  • Македонија 13.09.2015 20:59

    Ставрески: На кое лице на СДСМ човек да верува?

    Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги споредува заложбите на СДСМ кога е во опозиција, наспроти состојбите на тие полиња во периодот кога таа партија беше на власт.

  • Македонија 13.09.2015 17:20

    Метео: Топлото време продолжува и во наредните денови

    Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре, на места со мала облачност и слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

    Температурата ќе достигне до максимални 30 степени.

  • Македонија 13.09.2015 15:10

    За 24 часа издадени 2.413 потврди за азил

    Министерството за внатрешни работи за изминатите 24 часа издало 2.413 потврди, од нив 1.480  се од машки пол, 288 се од женски, 504 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 141 дете кои патуваат без родител, за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на

  • Економија 13.09.2015 14:03

    Пораст во функционирање на осигурителниот сектор

    Пораст во сите сегменти на функционирање на осигурителниот сектор е остварен во првата половина од 2015 година. Позитивен тренд има и во осигурувањето на живот и во неживотно осигурување, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.

  • Македонија 12.09.2015 11:22

    Фестивал на органска храна

    Фестивал на органска храна ќе се одржи денеска во општина Ѓорче Петров, на која ќе учествуваат 15 произведители на здрава-органска храна од Република Македонија.

Pages