Египетските безбедносни сили убиле осуммина џихадисти поврзани со киднапирањето на Хрватот Томислав Салопек, кого го обезглави Исламска држава.
Вести
-
Свет 14.09.2015 12:03
-
Свет 14.09.2015 12:01
Меимаракис: Јас ќе бидам премиер на Грција
Лидерот на Нова Демократија, Евангелос Меимаракис, изјави дека има намера да биде премиер на Грција ако неговата партија победи на изборите в недела.
Во тој случај, како што рече, прво ќе им се обрати на Сириза и на Алексис Ципрас за формирање коалициска влада.
-
Македонија 14.09.2015 11:52
Директорката за Западен Балкан во британското МНР во посета на Македонија
Во посета на Македонија денеска и утре ќе престојува директорката за Западен Балкан и проширување на британското Министерство за надворешни, Фиона Мекилвам.
-
Македонија 14.09.2015 11:10
Зимница: Цените посолени, но за ајвар мора да има!
На пазарите од изурината е раздвижено, се бара најквалитетната ајварка. Иако високите температури ја одложија сезоната на зимница, домаќинките ги прават последните подготовки за македонскиот специјалитет. Теглите се измиени, останува да се купат пиперките.
-
Македонија 14.09.2015 10:56
Бранот бегалци не стивнува
Со надеж дека ќе најдат соодветна облека меѓу купиштата донирани панталони, блузи, маици и чевли, мигрантите, иако премалени од умор ги полнат своите торби пред да заминат од Македонија и да се упатат кон пунктовите на српската граница.
-
Свет 14.09.2015 10:43
Германија привремено воведе контроли на границата со Австрија
Германија привремено воведе контроли на границата со Австрија, но во рамките на Шенгенскиот договор. Целта е да го намали приливот на бегалци за поефикасна контрола.
-
Македонија 14.09.2015 10:37
Доцни бербата на црвената индустриска пиперка
Подготовката на зимници годинава ќе доцни. Поради временските услови бербата на црвената пиперка е одолжена за најмалку 20-тина дена.
Градинарите велат дека ќе има доволно пиперки и наскоро се очекува да почне помасовна берба, а со тоа и пазарните цени ќе бидат и пониски.
-
Македонија 14.09.2015 10:29
Утре истекува рокот за избор на специјален обвинител
Утре истекува рокот за избор на специјалниот обвинител. По работниот викенд на политичките партии, нема официјални информации дали е постигнат договор.
Според последната изјава на белгискиот експерт Ванхауте подготвена е предлог верзијата за измена на Законот.
-
Македонија 14.09.2015 08:46
Скопската обиколница затворена за сообраќај
Поради снимање на францускиот филм „А Фонд“, скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај во двете наредни работни седмици (од 14-ти до 18 септември и од 21-ви до 25 септември), како и на 28 септември, соопшти Автомотосојузот на Македонија по известувањето од продукцијата „Мануфактура“. -
Економија 14.09.2015 08:43
Македонска берза одбележува 20 години
Македонската берза денеска ќе одбележи 20 години од одржувањето на основачкото собрание на акцинери на Берзата.










