За да се намали здравствениот ризик од потенцијалните опасности за луѓето и добитокот, собирањето, транспортот и складирањето на отпадот од животинско потекло мора да се врши во соодветни услови.
Вести
-
Македонија 11.09.2015 10:41
-
Свет 11.09.2015 09:15
Договорот со Иран за нуклеарната програма предизвика жешка дебата во Вашингтон
Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни изрази загриженост за договорот со Иран за нуклеарната програма. Според него, со овој договор може да дојде до нуклеарен напад врз САД. Иран ќе доминира на Блискиот Исток и ќе ги загрози американските сојузници.
-
Свет 10.09.2015 17:05
Големи поплави во Јапонија, евакуирани над 90 илјади луѓе
Силниот дожд што предизвика големи поплави во Јапонија не дава знаци дека ќе престане. Над 90 илјади луѓе се евакуирани, продолжуваат спасувачките операции по уште толку. Најтешко е во градот Џосо, северно од Токио, кој беше погоден од голем воден бран откако реката го пробила коритото.
-
Култура 10.09.2015 16:57
Уште 30 светски класици на македонски јазик
Дела напишани пред нашата ера, преку древна Кина и индиските бардови до средниот век и современието. Различни временски периоди и жанрови опфаќаат 30-те последни преведени тома од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.
-
Македонија 10.09.2015 16:45
30 дена притвор за насилната дадилка
Едномесечен притвор и одреди судот на 61 годишната дадилка која пет месеци се изживувала врз деветмесечно бебе. Додека родителите не биле дома, таа го удирала, штипела и тепала, навредувајќи го со погрдни зборови.
-
Економија 10.09.2015 16:23
Буџетот е во одлична кондиција, поддршката за домашните фирми останува во фокусот
Добрата буџетска ликвидност и повисоките даночни приходи за 208 милиони евра во однос на лани овозможуваат навремено и редовно извршување на сите буџетски обврски, вели ресорниот министер и вицепремиер Зоран Ставрески.
-
Македонија 10.09.2015 16:06
Отворен Институт за филм во Охрид
Од денеска со пополнување на електронска пријава започнуваат уписите на катедрите за постдипломски студии за сценаристика и драматургија, како и за креативна продукција на Институтот за филм- Филмска академија во Охрид.
-
Економија 10.09.2015 15:56
Преку мерките за самовработување и кредитирање до нови работни места
Објавени се новите четири огласи за самовработување и за кредитирање на микро и мали фирми. Предвидуваат државна финансиска помош и евтини кредитни, финансиски инструменти за отворање нови бизниси, креирање нови работни места и за намалување на невработеноста.
-
Култура 10.09.2015 15:20
Промовирани нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Промовирани нови 30 книги во рамките на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Опфатени се преводи од повеќе жанрови, а досега од класиците на светската книжевност се преведени вкупно 472 дела. Проектот треба да заврши кон крајот на годинава со преведени 560 книги.
-
Економија 10.09.2015 15:15
Во јули издадени 359 одобренија за градење
Во јули годинава се издадени 359 одобренија за градење, што е за 71,8 проценти повеќе во однос на јули лани, објави денеска Државниот завод за статистика.










