Вести

  • Свет 31.08.2015 14:09

    Авионот на Борисов принудно слета во Варна

    Авионот со кој патувал бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа принудно слета во Варна, по втор дефект за само шест месеци.

    По полетувањето не се повлекол уредот за слетување, поради што леталото од типот Фалкон 200 морало да кружи над Црното Море за да потроши дел од горивото.

  • Свет 31.08.2015 14:06

    Австриската полиција спаси околу 200 мигранти, уапсени петмина шверцери

    Австриската полиција спасила околу 200 мигранти и уапсила петмина шверцери на луѓе во нова операција на границата. Според министерката за внатрешни работи, преземените мерки на австриската граница не се класична гранична контрола и не се кршат шенгенските правила.

  • Свет 31.08.2015 14:02

    ИДИЛ уништи дел од најважниот храм во Палмира

    Џихадистите од Исламска Држава со нова експлозија уништија дел од најважниот храм во градот Палмира. Се уште не е позната штетата предизвикана на древниот храм на Баал, но според локалните жители, повторно бил потресен од голема експлозија „што можеле да ја слушнат и мртвите“.

  • Македонија 31.08.2015 13:47

    Битолската болница целосно ќе се реконструира

    Утре ќе бидат отворени понудите на тендерот за реконструкција на битолскиот Kлинички центар. Oва е првиот сериозен зафат на овој објект досега, по што се очекува заштеда од околу 35% на трошоците за електрична енергија во иднина. До октомври 2016-та, Битолската болница ќе го добие новиот изглед.

  • Македонија 31.08.2015 13:37

    Јолевски во посета на припадниците на АРМ на границата со Грција

    Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Величковски, на терен, на дел од јужната граница, каде што се распоредени припадници на АРМ, кои во координација со полицијата го координираат влезот на мигрантите од Грција.

  • Економија 31.08.2015 13:17

    Коморски инвестициски форум за развој на Западен Балкан

    Коморскиот инвестициски форум, за кој потпишаа договор државите од Западен Балкан на неодамнешниот самит во Виена, треба да овозможи јакнење на регионалната соработка и привлекување инвестиции.

  • Македонија 31.08.2015 12:40

    На Плетвар загинаа две, а повредени се пет лица

    Двајца загинати и петмина повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на превојот Плетвар при судир на три  возила, патничко и две товарни. Повредените, според последните информации се со полесни повреди и се надвор од животна опасност.

  • Македонија 31.08.2015 12:34

    Учениците од утре на настава

    За околу 275.000 основци и средношколци завршува летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња.

    Од вкупниот број ученици, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.

  • Економија 31.08.2015 12:25

    Оглас за закуп на државно земјоделско земјиште

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.

  • Македонија 31.08.2015 12:21

    Почна судењето за сообраќајката кај ТЦ Зебра

    Почна судењето на Бојан Блажевски обвинет за сообраќајката кај Трговскиот центар  Зебра, во која настада новинарката на Македонското радио Сузана Тодоровска –Павловска.

Pages