Засилена регионалната соработка и привлекување инвестиции- ова се главните приоритети на бизнис заедниците од Западен Балкан.
Вести
-
Економија 31.08.2015 16:31
-
Македонија 31.08.2015 16:22
Продолжува напливот на мигранти, војската останува на границата
На јужната граница е мирно, без тензии, но продолжува напливот на мигранти што влегуваат од Грција. Надлежните будно ја следат ситуацијата.
-
Македонија 31.08.2015 16:20
Инфраструктурни инвестиции за подобар живот
Означен почетокот на градежните работи на патот Николиќ-Дојран. Овој пат, од локален ќе стане регионален. Се очекува комплетно да биде завршен за 6 месеци.
-
Македонија 31.08.2015 15:45
Државна матура ќе се полага по стар модел, законски измени од 2016-та
За септември 2016-та одложени се измените на Законот за високо образование, а средношколците и годинава ќе полагаат државна матура според стариот модел најави премиерот Никола Груевски од Дојран.
-
Свет 31.08.2015 15:31
Судири меѓу демонстрантите и полицијата пред украинскиот парламент
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата пред украинскиот парламент. Пратениците по жестока дебата ги поддржаа реформите за поголема автономија на спорните региони. Толпата се обиде да ја пробие заштитната ограда, на што полицијата возврати со солзавец.
-
Македонија 31.08.2015 14:58
Јолевски и Бејли во Криволак на билатералната воена вежба „Операција Фаланга- Македонија“
Министерот за одбрана Јолевски и американскиот амбасадор Бејли на армискиот полигон Криволак присуствуваа на тактичко-показната вежба на која учествуваат припадници на воената полиција на АРМ и на Американската војска.
-
Македонија 31.08.2015 14:50
Вељаноски: Враќањето на опозицијата во Парламентот ќе му даде смисла на неговото работење
Не постои повисока цел од отворањето на демократските перспективи на Македонија, порача собранискиот спикер Трајко Вељаноски.
-
Македонија 31.08.2015 14:45
Мирно на јужната граница, не стивнува бранот мигранти
На јужната граница е мирно, без тензии, но не стивнува бранот бегалци што влегуваат во државава од Грција. Министерот за одбрана Јолевски и началникот на генералштабот генерал-потполковник Величковски се на теренот за да ја согледаат фактичката состојба на овој дел од државната граница.
-
Македонија 31.08.2015 14:44
Обвинетиот за сообраќајката кај ТЦ Зебра ја призна вината
Виновен сум. Немам зборови со кои можам да искажам жалење. Чувствувам голем товар. Тој кобен ден ми се уништија сите планови што ги имав со девојката за да основам семејство. По несреќата на госпоѓа Сузана и пружив прва помош, но не успеав да ја спасам.
-
Економија 31.08.2015 14:23
Зголемен бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани бележи пораст од 1,3 проценти, а во периодот јануари - јули 2015 во однос на истиот период од минатата година е поголем за 1,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.









