17 луѓе загинаа, а 11-мина се повредени во пожар во затвор на север во Венецуела. Пожарот избил во текот на ноќта во затворот Токухито, во сојузната држава Каробобо, а меѓу загинатите се 9 мажи и 8 жени.
Вести
-
Свет 01.09.2015 11:30
-
Економија 01.09.2015 11:05
Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Штип
Караванот „Купи куќа, купи стан“ оваа среда е во Штип. Сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17:30 часот, соопштуваат од министерството.
-
Свет 01.09.2015 10:47
Францускиот премиер најави изградба на хуманитарен камп во Кале
Францускиот премиер Мануел Валс најави изградба на хуманитарен камп во Кале каде што има неколку илјади бегалци, што предизвика критика кај опозицијата, десницата и екстремната десница во Франција.
-
Македонија 01.09.2015 10:35
Попоски ќе учествува на 10-от Бледски стратегиски форум
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, ќе учествува на 10-тиот Бледски стратегиски форум, што се одржува во Блед.
-
Македонија 01.09.2015 10:19
Oбјавен јавен повик за давање под концесија на дивечот во ловиштата
Концесиите на дивечот се доделуват од 10 до 20 години. Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица.
Изборот за најповолна понуда ќе се изврши електронски, а почетната цена ќе биде највисокиот понуден износ по јавното отворање на понудите.
-
Свет 01.09.2015 10:07
Кина: Експлозија во фабрика за хемиски производи, еден загинат
Најмалку едно лице загина во експлозија што доцна синоќа се случи во фабрика за хемиски производи во провинцијата Шандонг, на истокот од Кина. Според извештаите, по експлозијата избил пожар кој бил ставен под контрола по скоро 10 часа.
-
Македонија 01.09.2015 10:01
-
Македонија 31.08.2015 17:15
Метео
Сончевото и топло време продолжува и во почетокот од месец септември. Во текот на утрешниот ден ќе има појава на умерена облачност само во планинските региони од земјава.
Дневната температура ќе достигне до максимални 38 степени.
-
Македонија 31.08.2015 17:05
СДСМ влезе во Собранието
Собранието од денеска не официјално функционира во полн состав. Велам не официјално затоа што по повод продолжувањето на соработката со Вестминстер фондацијата за демократија, опозицијата седна во Парламентот еден ден пред најавеното враќање.
-
Македонија 31.08.2015 16:40
Објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште
Нова шанса за сите земјоделци кои сакаат да ги зголемат површините и да обработуваат до 3 хектари државно земјоделско земјиште. Министерството за земјоделство објави јавен оглас за давање во закуп на вкупно 4.750 хектари во 30 општини.










