Вести
-
Македонија 09.01.2026 13:21
Реката Вардар се излеа кај село Стримница
Штети има и во Тетовско, на одредени места се излеаја реки, а во Мала Речица падна потпорен ѕид, во две села патиштата се пробиваат со механизација. Што се случува во Тетовско во моментов?Известува Андријана Ѓурческа. -
Македонија 09.01.2026 13:20
Се санираат штетите во охридско и во струшко
Невремето направи сериозни штети во југозападниот регион во земјава. Одржан е состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, и е донесена одлука да се стават на располагање сите човечки и материјални ресурси.
Соња Рилковска известува од Охрид.
-
Македонија 09.01.2026 13:01
Поплави во кочанските села Горни Подлог и Грдовци
Јавните комунални претпријатија во Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и месното население со заеднички напори ги ставија под контрола надојдените води на Кочанска и Оризарска река.
-
Македонија 09.01.2026 12:37
Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари
На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.
-
Свет 09.01.2026 12:07
Ескалираа протестите во Иран
Ескалираа демонстрациите во Иран. Прекин на интернетот низ целата земја, додека масовните антивладини протести се ширеа од Техеран и во другите градови. Запалени неколку државни згради.
-
Македонија 09.01.2026 11:42
РСБСП со препораки до граѓаните за внимателно и одговорно возење во зимски услови
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска
-
Економија 09.01.2026 11:30
Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
-
Македонија 09.01.2026 11:07
Излевања и поплави низ повеќе региони, најкритично во Кочанско, Охридско и Кичевско
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата предизвикаа зголемување на водостоите на реките и каналите, со локални излевања и поплави во повеќе региони, информираат од Центарот за управување со кризи за состојбата до утринските часови.
-
Македонија 09.01.2026 10:49
Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г.г. Стефан денеска по повод неговиот именден традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв.
-
Македонија 09.01.2026 10:39
Денеска на полноќ почнува предизборниот молк на повторените избори
В недела ќе се гласа за градоначалници на повторените избори општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Денеска на полноќ почнува предизборниот молк, а утре гласаат болни и изнемоштени лица, најмногу пријавени во Гостивар 146.










