Во вториот круг се гласа во четири скопски општини и за Градот Скопје. И жителите на Карпош денеска избираат кој ќе биде градоначалник. Како тече гласањето во општина Карпош?
Елизабета Мемиќ известува.
Во вториот круг се гласа во четири скопски општини и за Градот Скопје. И жителите на Карпош денеска избираат кој ќе биде градоначалник. Како тече гласањето во општина Карпош?
Елизабета Мемиќ известува.
Во вториот круг локални избори, за избран градоначалник се смета оној кој ќе освои најмногу гласови, цензус нема. За одѕивот и текот на изборниот процес редовно информира Државната изборна комисија.
Бројот на жртви од поплавите во Виетнам се зголеми на 35. Се расчистуваат погодените подрачја и се обновува електричната енергија, додека некои области остануваат отсечени.
Властите предупредуваат на можни зарази поради загадување со кал.
Вториот круг од локалните избори, во кој треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1.622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија. За изборите ќе известуваат и 14 странски новинари.
До 11 часот во вториот круг на локалните избори гласале 10,10 отсто од запишаните гласачи или вкупно 70.424 гласачи.
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Т
Во вториот круг се решава и за изборот на градоначалник во општина Могила. Како се одвива гласањето во Могила?.
Александра Максимовска е таму.
Во вториот круг се избира градоначалник и во општина Неготино. Како тече гласањето досега во оваа општина?
Петар Печков известува оттаму.
Во 44 општини беа избрани градоначалници во првиот круг од овие 8-ми по ред локални избори, Кисела Вода беше една од тие општините, но во вториот круг гласачите на општината имаат можност да го изберат и првиот човек на Градот Скопје.
Кумановчани во вториот круг имаат можност да изберат кој ќе раководи со градот во наредните четири години. Како се одвива изборниот процес во Куманово, известува Елена Георгиевска.