Вооружен напад во Велика Британија. Десет луѓе, од кои деветмина се борат за живот, биле избодени со нож во воз во близина на Кембриџ. Полицијата уапси две лица. Се истражува мотивот.
Вести
-
Свет 02.11.2025 08:58
-
Македонија 02.11.2025 08:37
Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1.598 набљудувачи
За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1.598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија.
-
Македонија 02.11.2025 08:22
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 02.11.2025 08:07
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за повреда на избирачкото право
Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
-
Македонија 02.11.2025 07:52
Сончево со мала до умерена облачност
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.
Во Скопје, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 02.11.2025 07:00
Денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025, отворени се гласачките места
Денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.
-
Македонија 01.11.2025 20:43
ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица се одвиваше непречено и без проблеми, резултатите ќе се објават утре
Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3327 гласачи.
-
Македонија 01.11.2025 19:44
Нема пријави за нерегуларности при денешното гласање – велат од ДИК
Изборен молк, денеска први ливчиња во избирачките кутии за вториот круг од локалните избори. До 16 часот своето право на глас го искористиле 2.762 болни и изнемоштени. Гласаа и затворениците и лицата сместени во установите за вонсемејна грижа.
-
Македонија 01.11.2025 19:00
Лишен од слобода чешки државјанин на Граничен премин Табановце
На 31.10.2025 околу 14:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(56 од Чешка.
-
Македонија 01.11.2025 18:15
Зголемен интерес за осигурување
Во последните неколку години се забележува зголемена свесност и интерес, за осигурување по различен основ кај населението во земјава. Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето вкупната полисирана премија во 2024 е зголемена за 11,32 отсто во однос на претходната година.










