Општините Сарај и Чаир гласаат само за градоначалник на главниот град. Според последните информации од ДИК имаат најмала излезност.
Известува Ана Јосифоска
Општините Сарај и Чаир гласаат само за градоначалник на главниот град. Според последните информации од ДИК имаат најмала излезност.
Известува Ана Јосифоска
И Шуто Оризари е една од четирите каде се гласа за градоначалник на општината, а на три избирачки места се повторува гласањето и за советници.
Наташа Јанчиќ- Менковски е во едно од избирачките места.
Гласањето на вториот круг од локалните избори почнува во 7 часот и трае непрекинато до 19.00 часот. Елизабета Кузмановска ги посети избирачките места во Општина Аеродром, каде граѓаните треба да изберат кој ќе раководи со општината и со Градот Скопје.
Во вториот круг локални избори, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 гласачи. Според последните информации од Државната изборна комисија до 13 часот излезноста е 18 проценти. Најголема има во Пробиштип, а најмала во Сарај.
До 13 часот излезеноста на локалните избори во земјава изнесува 19,96 проценти, а во Град Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, соопштија од МВР.
Денес, 2-ри ноември, се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите.
Намален интерес за гласање во првата третина од изборниот ден од вториот круг на локалните избори во општина Могила. Сите 23 гласачки места се отворени точно во 7 часот. Гласањето се одвива непречено и без проблеми.
Американскиот претседател Трамп предупреди дека ќе ја прекине помошта за Нигерија и најави можна воена интервенција доколку земјата не го запре насилството врз христијаните.
Реакцијата доаѓа по масакрот во католичка црква со десетици верници.
Излезеноста во вториот круг од локалните избори до 11 часот на ниво на државата изнесува 9,21 отсто од вкупно запишаните гласачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).