Вести
-
Економија 08.06.2015 14:36
Почна склучувањето договори за помош на млади земјоделци
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе склучи договори со 134 млади лица кои сакаат да почнат земјоделска дејност.Договорите чие склучување е во тек, се со вкупна вредност од 75 милиони денари. -
Македонија 08.06.2015 14:21
МОН: Екстерното тестирање целосно заокружено во 228 училишта
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека денес биле екстерно тестирани 43.909 основци и средношколци. Според информациите до овој момент процесот е целосно заокружен во 228 училишта.
-
Македонија 08.06.2015 14:17
Втора меѓународна конференција за климатски промени
Во Охрид се одржува втората Меѓународна конференција за климатски промени.
-
Свет 08.06.2015 14:09
Втор ден од самитот на лидерите на Г-7
Втор ден од самитот Г-7 на најмоќните економии во светот. Насилство во Источна Украина, финансиската криза на Грција, глобалната економија и тероризмот се во фокусот на дискусиите.
-
Македонија 08.06.2015 14:01
Во вагон на товарен воз откриени 18 мигранти
Завчера околу 20 часот и 30 минути во вагон на товарен воз се откриени 18 мигранти. Возот сообраќал на релација од Солун до австрискиот град Ламбах, соопшти МВР. Мигрантите биле на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете.
-
Македонија 08.06.2015 13:17
Предизвиците со кои се соочува регионот во фокус на „Процесот Брдо – Бриони“
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов учествува на Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“ што се одржува во црногорскиот град Будва. Шефот на државата ќе има и обраќање на пленарната сесија.
-
Економија 08.06.2015 13:09
Втор циклус од програмата за самовработување
На заедничката прес конференција, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, информираат за вториот циклус од програмата за самовработување.
-
Свет 08.06.2015 12:38
Јужна Кореја: Рапидно расте бројот на заболени од МЕРС
Паника во Јужна Кореја по соопштението на Министерството за здравство дека рапидно расте бројот на заболени од респираторниот вирус МЕРС. Според податоците на медицинските лица, 80 –годишен старец е последната жртва од оваа болест, а регистрирани се уште 23 ново заболени.
-
Македонија 08.06.2015 12:18
Двајца браќа од Тетово повредени во тепачк
Синоќа околу 19 часот пред и во угостителскиот објект „Биби“ во Тетово се случила групна тепачка. Во тепачката учествувале вкупно четири лица.
-
Македонија 08.06.2015 11:35
Над 38 илјади повици на „Ало докторе“
Регистрирани се 899 повици за една седмица, од 1 до 7 јуни, на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“. Од 15 септември 2014 година, од кога почна да работи телефонската линија, досега регистрирани се вкупно 38.003 повици.










