Заклучок за формирање на Анкетна комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори, е донесен на Координативната средба меѓу претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, собраниските потпретседатели и координаторите на пратеничките групи.
Вести
-
Македонија 13.05.2015 16:50
-
Македонија 13.05.2015 16:41
Попоски ги информираше министрите на НАТО за безбедносната состојба во Македонија
На состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Анталија, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ги запозна министрите на НАТО членките и партнерите со најновите безбедносни предизвици со кои беше соочена земјата во изминатиот викенд.
-
Македонија 13.05.2015 16:37
Заев по 31-ви пат објави прислушкувани телефонски разговори
Како функционирала владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ова е главната тема на новите аудио разговори кои денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој тврди дека од објавените телефонски разговори што ги поседува се слуша за криминали и местени тендери од милионски суми.
-
Македонија 13.05.2015 16:34
Земјата да се обедини- порачува европарламентарецот Танок
Силна осуда за терористичкиот напад во Куманово од еврпратеникот од владејачката конзервативна партија на Англија, Чарлс Тенок. „Не е момент за ловење на партиски поени во време кога државата е нападната од надворешна агресија“, изјави Танок за македонската телевизија.
-
Македонија 13.05.2015 16:27
МВР потврди: Во акцијата во Куманово, ликвидирани лидерите на терористичката група
Меѓу загинатите терористи се и командантите Нато и Бегу, двајцата странски државјани. Обдукцијата на телата што ја спроведеМВР преку Одделот за меѓународна полициска соработка го потврди идентитет на неколкумина од настраданите напаѓачи во Куманово.
-
Македонија 13.05.2015 15:35
Метео
Сончевото и топло време продолжува и утре. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува и умерен повремено засилен југозападен ветер особено во западните региони од земјава.
-
Македонија 13.05.2015 15:13
Чавков и Мисајловски, нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски
Митко Чавков е новиот министер за внатрешни работи, а Владо Мисајловски за транспорт и врски. Констатирани се оставките на Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Премиерот Груевски го образложи предлогот.
-
Свет 13.05.2015 15:12
Филипини: Над 30 загинати во пожар во фабрика
Над 30 лица загинаа, а 65 се водат за исчезнати по пожарот во фабрика за гумени обувки во близина на филипинскиот главен град Манила. Во објектот имало околу 200 работници.
-
Македонија 13.05.2015 14:53
Советот за етика со опомена до медиумите да не објавуваат невистини и шпекулации
Советот за етика во медиумите на Република Македонија, имајќи ги предвид најновите случувања во државата, апелира до медиумите да информираат на професионален и урамнотежен начин, и дека фундаментална цел на новинарството е да и служи на јавноста низ пласирање вести, гледишта, коментари и информа
-
Македонија 13.05.2015 14:46
Црвен Крсти има доволно резерви за помош на Кумановци
Се прави евиденција на терен за она што им потребмо на граѓаните, од продукти и хигиенски материјали.
Имаме доволно резерви- велат од Црвениот Крст, посочувајќи дека нема потреба граѓаните да собираат помош.
Нивните екипи се веќе на терен.










