Вести

  • Македонија 10.05.2015 16:41

    Скопскиот маратон одложен, се трчаше почесен круг

    Не се одржа закажаниот Скопски маратон. Организаторот, Сојузот на спортови на Скопје, соопшти дека маратонот се одложува поради новонастанатата безбедносна ситуација во земјава.

  • Македонија 10.05.2015 16:38

    Метео

    Променливо облачно ветровито и посвежо време со послаби врнежи од дожд особено претпладне очекуваме утре. Од вторник настапува постабилно време со постепено зголемување на температурите.

    Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...

  • Македонија 10.05.2015 16:18

    Во Зубовце, погребан загинатиот Ненад Серафимоски

    На гробиштата во гостиварското село Зубовце, со највисоки почести беше погребан Ненад Серафимоски, припадник на единицата „Тигри“, кој загина во акцијата на МВР во Куманово.

  • Македонија 10.05.2015 15:13

    МВР: Терористичката група целосно неутрализирана и елиминирана

    Операцијата во кумановската „Дива населба“ е завршена. Терористичката група која беше стационирана во неколку објекти и претставуваше закана по безбедноста на граѓаните и на Република Македонија е целосно неутрализирана и елиминирана, соопштуваат од МВР.

  • Македонија 10.05.2015 14:52

    Светските агенции известуваат за судирите во Куманово

    Странските агенции известуваат за судирите во Куманово. Агенцијата „Ројтерс“ ја цитира министерката Јанкулоска, дека ситуацијата на теренот останува многу критична и оти акцијата ќе продолжи се додека не биде „фатен и последниот терорист“.

  • Македонија 10.05.2015 14:32

    Хан: Сите политички лидери да соработуваат за да се врати мирот

    Реакции по случувањата во Куманово. Еврокомесарот Јоханес Хан со повик: властите и сите политички лидери да соработуваат за да се врати мирот, а настаните целосно да се испитаат на објективен и транспарентен начин во согласност со законот.

  • Македонија 10.05.2015 14:07

    Осум полицајци загинаа во судирите во Куманово

    Уште двајца полицајци ги загубија животите по судирот со терористичката група во Куманово, потврди портпаролот на МВР Иво Котевски попладнево на прес-конференција. Од вкупно загинатите осум полицајци, досега е познат идентитетот на шестмина. 
     
  • Македонија 10.05.2015 13:22

    Србија ги осудува обидите за дестабилизација на Македонија и регионот

    Србија ги осудува сите обиди за дестабилизација на Македонија и регионот и ќе направи се за одржување на политичката и економската стабилност – се наведува во телеграмата со сочуство, која утринава до премиерот Груевски ја упати претседателот на српската Влада, Александар Вучиќ.

  • Македонија 10.05.2015 10:16

    Бројот на загинати полицајци се искачи на шест

    Синоќа припадник на МВР им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар во Скопје. Бројот на загинати полицајци се искачи на шест. Македонската влада прогласи дводневна жалост. Акцијата за разбивање на терористичката група во Куманово сеуште трае. 

  • Македонија 10.05.2015 00:55

    Владата прогласи дводневна жалост

    Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука за определување на деновите 10-ти мај (недела) и 11-ти мај (понеделник) како денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и ра

Pages