Во Кривичниот суд продолжува судскиот процес за случајот „Онкологија 1“, каде обвинети се поранешниот директор Нино Васев и уште двајца доктори за несовесно лекување на пациенти.
Марија Котовска го следи рочиштето.
Во Кривичниот суд продолжува судскиот процес за случајот „Онкологија 1“, каде обвинети се поранешниот директор Нино Васев и уште двајца доктори за несовесно лекување на пациенти.
Марија Котовска го следи рочиштето.
„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народна банка. Инфлацијата се очекува да се намалува, а растот да се зголемува.
Нов обид за зголемување на платите во правосудството. Пред Уставниот суд одлуки и иницијативи на денешната седница.
Игор Панов ја следи седницата.
Министерски промени на собраниска седница. Пратениците одлучуваат за челните позиции на министерствата за животна средина и европски прашања. Беким Сали и Мухамед Хоџа се предлозите на Владата за замена на Орхан Муртезани и Изет Меџити.
Ирина Гелевска известува од Собранието.
Евентуална пресуда на Уставен во полза на функционерите, со што ќе им се зголемат платите само на судиите и обвинителите ќе го зголеми и така големото незадоволство кај вработените, бидејќи и сега тие земаат петкратно – шесткратно поголеми плати.
Утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови од државата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Министерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година, информираат од Министерството за финансии.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во пресрет на новогодишните и божиќните празници ја реализира новогодишната кампања за подигнување на јавната свест за ризиците од управување на моторни возила под дејство на алкохол.
Три лица, од кои двајца полицајци загинаа во експлозија на автомобил-бомба во руската престолнина.
Нападот се случил откако двајцата полицајци му се приближиле на маж кој се однесувал сомнително во близина на местото каде што висок генерал беше убиен пред два дена.
Либискиот началник на Генералштабот и уште седум лица загинаа кога приватен авион се урна по полетување од Анкара. Несреќата, според властите, е предизвикана од технички дефект.