Преку директни контакти со граѓаните и на терен продолжува кампањата на Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од коалицијата предводена од СДСМ. Уверен е во победата затоа што вели, граѓаните го препознаа концептот на чесно работење.
Вести
-
Македонија 21.10.2025 16:09
-
Свет 21.10.2025 15:55
Продолжува кревкото примирје на Блискиот Исток, хуманитарната помош непречено се дистрибуира
Кревкото примирје на Блискиот Исток продолжува. Хамас му предаде уште едно тело на Израел, додека хуманитарната помош непречено се дистрибуира. По израелските напади викендов, во регионот пристигнува и американскиот потпретседател Венс на средба со Нетанјаху.
-
Економија 21.10.2025 15:44
Нема простор за загриженост по одлуката на ЕУ за забрана за увоз на руски гас во регионот, уверува министерката Божиновска
Нема простор за загриженост по одлуката на ЕУ за забрана за увоз на руски гас во регионот. Ние трошиме мали количества и нема да останеме без енергенс, уверува министерката за енергетика Божиновска.
-
Македонија 21.10.2025 15:21
Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство
Денеска во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од „Искрин мост“ во Куманово.
-
Македонија 21.10.2025 14:56
Вонреден инспекциски надзор во Скопје поради проблемот со отпадот
Владата на денешната седница донесе заклучоци за итни мерки во врска со проблемот со собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад во Град Скопје.
-
Македонија 21.10.2025 14:34
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во четврток и сабота кога ќе преовладува стабилно време, соопшти УХМР.
Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен правец.
-
Македонија 21.10.2025 14:18
Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација
Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација – превентивни тимови ќе вакцинираат и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица и инвалиди
-
Македонија 21.10.2025 13:28
Алтернативни казнени мерки за да се растоварат затворите
Алтернативни казнени мерки и условен отпуст можат да ги растоварат затворите. Првите луѓе на Академијата за судии и јавни обвинители, на Судскиот совет и на Управата за извршување на санкции на дебата.
Игор Панов известува за заклучоците.
-
Економија 21.10.2025 13:14
Меѓународен форум за енергија за одржлив развој
Во Скопје ќе се одржи Меѓународен форум за енергија за одржлив развој. Ќе се зборува за енергетската транзиција и сигурноста на системите во снабдување со електрична енергија.
Деталите ги има Александра Велинова.
-
Македонија 21.10.2025 13:13
Премиерот Мицкоски на Самит за Западен Балкан во Лондон
Самит за Западен Балкан во Лондон. Владината делегација ја предводи премиерот Мицкоски. Ќе учествуваат на состаноци во рамките на Берлинскиот процес. Посетата ќе се искористи и за економски средби за засилување на меѓусебната соработка.










