Најмалку 33 лица загинаа, а 40-мина се повредени при несреќа меѓу два автобуса што се случи изутрината во Египет. Меѓу повредените има граѓани на Русија, Јемен и Саудиска Арабија.
Вести
-
Свет 22.08.2014 10:46
-
Македонија 22.08.2014 10:37
Двојно убиство во Охрид
Две лица биле убиени во оружен инцидент што се случил синоќа околу половина час пред полноќ во угостителски објект на излезот од Охрид кон селото Лескоец.
-
Свет 21.08.2014 19:33
Четворица странци киднапирани од џихадистите на ИДИЛ
Уште четворица странци се киднапирани од џихадистите на ИДИЛ во сирискиот град Алепо. Биле однесени кон североисточната провинција Ракка, која речиси е целосно под контрола на екстремистите.
-
Свет 21.08.2014 19:08
САД продолжуваат со воздушните напади против џихадистите од Исламската држава
САД нема да ги запрат воздушните напади во борба против Исламската држава, и покрај убиството на новинарот Џејмс Фојли, за кој како што изјави американскиот министер за правда е почната кривична постапка.
Ерик холдер, министер за правда на сад
-
Македонија 21.08.2014 18:02
Метео
Претежно стабилно, сончево и топло време ќе имаме и во текот на следните денови.За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска -
Свет 21.08.2014 17:38
Хамас се закани со одмазда за убиените команданти
Хамас упати закана дека ќе се одмазди за смртта на нивните тројца команданти кои беа убиени во израелски воздушен напад во Појасот Газа. Нивниот портпарол изјави дека Израел нема да го ослабе нивниот отпор, при што земјата ќе ја плати цената.
-
Свет 21.08.2014 17:33
Со експериментален лек подобрена состојбата на американски доктор заразен од ебола
Американскиот доктор Кент Брантли кој беше заразен со ебола наскоро ќе ја напушти болницата во Атланта, благодарение на експерименталниот лек.
Тој се зарази со вирусот во Либерија, по што на почетокот на Август беше пренесен во САД. Еболата досега одзема 1400 животи во Западна Африка.
-
Македонија 21.08.2014 17:29
Епидемиолози од Скопје ќе го бараат изворот на жолтица во Штип
Се шири заразата на жолтица во Штип. За само 24 часа, се потврдени два нови случаја.
-
Македонија 21.08.2014 17:24
СДСМ ја објави стратегијата за идно дејствување
Немаме намера да формираме влада во санка, како пандам на актуелната власт.
-
Економија 21.08.2014 17:08
Повиците од мобилен во странство со цени како дома
Укинување на роамингот во 9 балкански земји од 1 јануари 2015. За ваквото решение денеска дискутираа регулаторите од регионот.










