Десничарот Хозе Антонио Каст победи на претседателските избори во Чиле освојувајќи убедливи 58 насто од гласовите против левичарската кандидатка Жанет Хара, која освои 42 процента.
Вести
-
Свет 15.12.2025 09:14
-
Македонија 15.12.2025 08:51
Седница на собраниската Комисија за европски прашања
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за европски прашања на чиј дневен ред е Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта во прво читање со европско знаменце.
Овластен предлагач е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-
Свет 15.12.2025 08:36
Знамињата на половина копје по нападот во Сиднеј
Знамињата во Сиднеј на половина копје по смртоносниот напад на плажата Бонди. Двајца вооружени напаѓачи убија најмалку 16 и ранија десетици лица на еврејски настан. Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон, Њујорк и Варшава, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука.
-
Македонија 15.12.2025 08:27
АМСМ: Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, инфрмира АМСМ.
-
Македонија 15.12.2025 08:14
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе виде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
-
Економија 14.12.2025 19:04
Охрид со целосно исполнети капацитети за празниците
Охрид ќе биде исполнет со туристи за новогодишните празници. Најбројни ќе бидат гостите од регионот – Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Црна Гора.
-
Македонија 14.12.2025 18:16
Поранешниот правобранител Фехми Стафа осомничен за земање поткуп за да влијае врз судија од Апелација
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа осомничен дека побарал и примил поткуп за да влијае врз судија од Апелациониот суд за на негов клиент да му се укине мерката притвор, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
-
Економија 14.12.2025 17:58
Од први јануари стапува на сила Законот за сезонско вработување
Од нова година сезонското вработување во земјоделството, угостителството и услужните дејности ќе биде брзо и едноставно. Работодавачите очекуваат законот да ја намали сивата економија но и недостигот на работна сила
-
Македонија 14.12.2025 17:34
Тошковски: Ќе се толерираат само ситни прекршоци, но не и опасното возење
Намален бројот на сообраќајни несреќи од почетокот на пробниот период на системот „Безбеден град“, велат од Министерството за внатрешни работи.
-
Свет 14.12.2025 17:15
Најмалку петмина убиени во напад врз Газа, израелската армија тврди дека е ликвидиран висок командант на Хамас
Најмалку пет лица загинаа, а над 25 се ранети во израелски воздушен напад во Газа - обвинуваат палестинските власти.










