Вести
-
Македонија 13.04.2014 18:43
ДИК: 41,23 проценти излезност до 17 часот и 40 минути
Одѕивот на гласачите на претседателските избори до 17:40 часот според Државната изборна комисија е 41,23 отсто, односно на гласање излегле 693.091 граѓанин. Ова се податоци од 3.248, односно 92,48 отсто од вкупно 3.480 избирачки места во земјата. -
Македонија 13.04.2014 17:45
Котевски: Изборите се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера
Според МВР, изборниот процес се одвива мирно. Забележано е во текот на вчерашниот ден прекршување на молкот.
-
Свет 13.04.2014 17:39
Ердоган со обвинувања до „Твитер“ за затајување данок
Според него покрај Твитер и Јутјуб и Фејсбук, ја избегнувале обврската да плаќаат данок со цел да остварат сопствен профит.
-
Свет 13.04.2014 17:34
Над 40 повредени во вчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата во Италија
Меѓу повредените има и полицајци, а еден демонстрант останал без дланка. Протестите против станбената политика, состојбата на пазарот и незадоволството од економската состојба прерсанаа во немири. Во Италија 40 насто од младите се невработени.
-
Македонија 13.04.2014 17:29
Специјално за претседателските избори, МРТ го отвара виртуелното студио
Специјално за денешните претседателски избори, МРТ го отвора виртуелното студио каде што нашите гледачи ќе можат сите статистики поврзани со изборите да ги следат на најмодерен софистициран начин.
-
Свет 13.04.2014 17:25
Голем пожар во Чиле однесе четири животи
Огнената стихија однесе четири животи, а над 5 илјади лица се евакуирани. Медиумите јавуваат дека досега 12 населби се уништени. Гаснењето на пожарот го отежнува силниот ветер, а во некои делови е прогласена елементарна непогода.
-
Свет 13.04.2014 17:23
Судири во Славјнск- жртви на двете страни
На истокот на Украина во градот Славјанск безбедносните сили почнаа антитерористичка акција со цел одбрана на градот од вооружените проруски активисти коишто во текот на вчерашниот ден ја зазедоа зградата на полицијата во градот.
-
Македонија 13.04.2014 16:21
Во Карпош 4 гласањето тече мирно
Дека се започна во најдобар ред , на терен регистрираше и екипата на Македонската телевизија. Од општинските изборни комисии информираа дека гласачките материјали се доставени и гласањето започна на време. Очекуваат Изборниот процес да се одржува во фер
-
Култура 13.04.2014 16:07
Владимир Четкар на „Блу Ноут Џез Фестивал“ во Њујорк
На овогодинешното издание на фестивалот кој ќе се одржува на повеќе локации низ Менхетен ќе настапат музички легенди како Арета Френклин, Мајкл Болтон, Боби МекФерин, Реџи Вотс, Маркус Милер, Ди Ди Бриџвотер, Данило Перез, Џон Патитучи и многу други.
-
Македонија 13.04.2014 15:59
„Либерасион“ и „Паризиен“: „Изборите се тест за партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ“
Изборите се тест за партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ, само две недели пред парламентарните избори пишува денешното интернет издание на париските весници „Либерасион“ и „Паризиен“, анализа која ја дели и меѓународното француско радио РФИ.








