Вести

  • Македонија 31.03.2014 13:35

    Објавен конкурсот за упис во средните училишта во 2014/2015

    Слободни места за идни средношколци има 35.195 во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2014/2015, кој денеска го објави Министерството за образование и наука.
  • Македонија 31.03.2014 13:18

    Факултетот за информатички науки – Финки е иднината на професиите

     Идната година се очекува да почне изградбата на новата зграда на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство .Финки за три години  стана мотор на развојот на информатичкото општество но и  партнер на приватните компании . 

  • Македонија 31.03.2014 12:59

    Расте бројот на заболени од морбили во Скопје

    Во Скопје за 5 дена бројот на заболени од мали сипаници се зголеми од 25 на 43. Ако првично беа меѓусебно поврзани, сега има и изолирани случаи. Има и деца и возрасни до 50 години. Повеќето од заболените  биле невакцинирани, или вакцинирани само со една доза.
  • Свет 31.03.2014 12:32

    Штрајкуваат морнарите и пристанишните работници во Грција

    Бродовите во Грција денеска ќе останат во пристаништата заради 48-часовниот штрајк на морнарите и вработените во пристаништата против нацрт-закон на Владата, со кој се предвидени намалувања на работните места и намалување на правата на работниците во тој сектор.

  • Свет 31.03.2014 12:30

    Медведев пристигна на Крим

    Рускиот премиер Димитри Медведев денеска пристигна на Крим. Тој на твитер напиша дека денеска во Симферопол владата ќе разговара за идниот развој на Крим.

    Тоа е највисок руски државник кој престојува на Крим по руската анексија од Украина.

  • Свет 31.03.2014 12:21

    Жена со марама за прв пат градоначалник во Турција

    Во Турција по првпат жена со шамија стана градоначалник. Фатма Тору од Коња, била избрана за градоначалник во централна Турција.

    Таа беше кандидат на владејачката „Партија на правдата и развојот“ јави Си-Ен-Ен Турк. 

  • Македонија 31.03.2014 12:19

    „Ризопулос“: Играта за името на Скопје е веќе „загубена“

    Грчкиот политиколог Текла Христина Захарја во колумна за електронското издание на „
  • Македонија 31.03.2014 11:49

    Метео

    Сончево и потопло време со мала облачност и слаб ветер не очекува во последниот ден од месец март. Ќе имаме ли поволни временски услови за априлијада?

    Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...

  • Култура 31.03.2014 10:53

    Канадската претстава „Минус еден“ во МОБ

    Во вторник на 8 април, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе гостува Канадскиот „Les Grands Ballets“, од Монтреал. Уметнички директор на трупата е Градимир Панков кој е роден во Скопје.

  • Свет 31.03.2014 10:43

    Кери и Лавров без договор за Украина

    На одделни прес конференции по средбата во Париз, шефовите на дипломатиите на Русија и на САД, Лавров и Кери, изразија суштинско несогласување во врска со украинската криза. Сепак дијалогот продолжува.

Pages