Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Вести
-
Македонија 03.07.2026 08:23
-
Македонија 03.07.2026 08:13
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.
-
Македонија 03.07.2026 08:01
Собранието продолжува со работа на две пленарни седници
Собранието денеска треба да ја продолжи работата по 104. седница, по чие завршување е предвидено да се одржи и продолжението на 108. седница.
-
Македонија 02.07.2026 20:36
МВР распиша повик за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“, кое функционира во рамки на Полициската академија.
-
Економија 02.07.2026 20:08
Банкарскиот сектор останува стабилен, нефункционалните кредити паднаа на историски најниски 1,9%
Советот на Народната банка на редовната седница го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година, според кој банкарскиот сектор останува стабилен, со високо ниво на солвентност, задоволителна ликвидност и добар капацитет за справување со потенцијални шокови.
-
Свет 02.07.2026 19:41
Брутален руски напад врз Киев, има загинати
Силни експлозии го тресеа Киев со часови. Русија во текот на ноќта изврши голем комбиниран напад со стотици ракети и беспилотни летала. Пријавени десетици жртви и повредени од двете страни на реката Днепар. Според киевските власти, ова е „најмасовен напад“ врз украинската престолнина.
-
Македонија 02.07.2026 19:23
Претреси во демирхисарско: Пронајдени девет пушки, пиштоли и муниција, приведени четири лица
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера привеле четири лица од селото Обедник, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени оружје и муниција.
-
Македонија 02.07.2026 19:01
Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица
На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и претставници на институциите и проектните тимови.
-
Македонија 02.07.2026 18:38
Наместо ресурс, биоотпадот завршува на депонија
Од 50 до 60 проценти од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата е органски. Наместо да се користи за производство на компост и да донесе нова економска вредност, истиот завршува на депонија.
-
Култура 02.07.2026 18:04
МРТ и Факултетот за музичка уметност потпишаа меморандум за стратешка соработка
Во време на неквалитетна музика, меморандумот за соработка помеѓу Македонската радио-телевизија и Факултетот за музичка уметност ќе придонесе за идентификација, заштита, дигитализација и промоција на македонската музичка култура и историја.








