Фрлената ракавица за предвремени парламентарни избори ја подгреа политичката сцена. Премиерот Мицкоски со став не се потребни, но ако опозицијата инсистира ќе се одржат.
Вести
-
Македонија 20.08.2026 13:09
-
Економија 20.08.2026 12:56
Во вторник на Влада ќе се одлучува за училишната кошничка
Во вторник на Влада ќе се одлучува за „училишната кошничка“. Денеска во Министерството за економија средба на трговците на големо и мало за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на годинава.
-
Македонија 20.08.2026 12:47
Возел со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајка во Берово
62-годишен жител на Русиново е лишен од слобода откако со 2,62 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода во Берово.
Инцидентот се случил вчера околу 17:40 часот, кога возачот со автомобил „форд“ удрил во паркирано возило и во ограда од двор на куќа.
-
Македонија 20.08.2026 12:26
Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари.
-
Свет 20.08.2026 12:11
Жестоки напади врз Киев, Украина возвраќа со удари врз руски цели
Нов бран руски смртоносни напади со дронови и балистички ракети врз Киев и регионот. Бројот на жртви расте, десетици се повредени, а илјадници домови останаа без струја. Романија пријави дека дрон се урнал на нејзина територија за време на рускиот напад, а Полска крена борбени авиони.
-
Економија 20.08.2026 11:51
Синдикалната кошница во август 68.675 денари
За основните месечни потреби на едно домаќинство во август се потребни 68.675 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Во споредба со јули, кошницата е зголемена за 177 денари.
-
Култура 20.08.2026 11:39
„Као какао“ го затвора 66. „Охридско лето“
Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Мјузиклот е работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски.
-
Македонија 20.08.2026 11:03
Објавени прелиминарните резултати од августовскиот рок за државна матура
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок за државна матура. Учениците кои сметаат дека има пропуст при вреднувањето можат да поднесат приговор до училишната матурска комисија до денеска во 16 часот.
-
Македонија 20.08.2026 10:33
Амбасадорски совет по седум години повторно во Скопје
Првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно ќе се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва за директна, суштинска и стратешка координација.
-
Македонија 20.08.2026 09:47
Кривични пријави за проневера: Буџетот на Тутунски комбинат Прилеп оштетен за над 3,3 милиони денари
СВР Битола поднесе кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, осомничени за повеќе кривични дела поврзани со прикривање и незаконска продажба на отпадно железо.









