Нов бран руски смртоносни напади со дронови и балистички ракети врз Киев и регионот. Бројот на жртви расте, десетици се повредени, а илјадници домови останаа без струја. Романија пријави дека дрон се урнал на нејзина територија за време на рускиот напад, а Полска крена борбени авиони.
Вести
-
Свет 20.08.2026 12:11
-
Економија 20.08.2026 11:51
Синдикалната кошница во август 68.675 денари
За основните месечни потреби на едно домаќинство во август се потребни 68.675 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Во споредба со јули, кошницата е зголемена за 177 денари.
-
Култура 20.08.2026 11:39
„Као какао“ го затвора 66. „Охридско лето“
Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Мјузиклот е работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски.
-
Македонија 20.08.2026 11:03
Објавени прелиминарните резултати од августовскиот рок за државна матура
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок за државна матура. Учениците кои сметаат дека има пропуст при вреднувањето можат да поднесат приговор до училишната матурска комисија до денеска во 16 часот.
-
Македонија 20.08.2026 10:33
Амбасадорски совет по седум години повторно во Скопје
Првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно ќе се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва за директна, суштинска и стратешка координација.
-
Македонија 20.08.2026 09:47
Кривични пријави за проневера: Буџетот на Тутунски комбинат Прилеп оштетен за над 3,3 милиони денари
СВР Битола поднесе кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, осомничени за повеќе кривични дела поврзани со прикривање и незаконска продажба на отпадно железо.
-
Македонија 20.08.2026 09:13
Во Идризово ново рочиште за кочанската трагедија
Во судницата во Идризово ново рочиште за кочанската трагедија, во кој загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Продоложува со доказна постапка. Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители, а, во случајот се обвинети 34 лица.
-
Македонија 20.08.2026 08:30
Лажни СМС-пораки во име на „Безбеден град“ - МВР предупредува на фишинг-измами
МВР предупредува на фишинг-измами преку лажни СМС и електронски пораки, кои наводно се испраќаат во име на системот „Безбеден град“.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не споделуваат лични и банкарски податоци.
-
Македонија 20.08.2026 08:26
„Безбеден град“ и за странските возила - казни за прекршоците се издаваат на Табановце
Од вчера започна примената на новиот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички, кај кои системот „Безбеден град“ претходно евидентирал сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.
-
Свет 20.08.2026 08:21
Регионот и Европа во пламен - пожари беснеат од Балканот до Португалија и Шпанија
Регионот и натаму се бори со гаснењето на пожарите.
Властите во Србија прогласија вонредна состојба во Кладово, додека во земјата пристигнува дополнителна помош.










