Граѓанскиот суд во Скопје го забрана најавениот штрајк на контролорите на летање, информираа од Македонска навигација.
Вести
-
Македонија 16.10.2025 14:29
-
Свет 16.10.2025 14:01
Хамас има проблем со предавањето на телата
Хамас предаде останки на уште двајца израелски заложници кои веќе се идентификувани, но соопшти дека во моментов не е во можност да ги врати сите тела. Групата бара време и опрема за пронаоѓање на преостанатите.
-
Култура 16.10.2025 13:35
18 години без Тоше Проески
Навршија 18 години од загинувањето на македонската и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Маратонците, како симбол на животната енергија и филозофија на Тоше, стигнаа во Крушево.
Известува Елизабета Митреска.
-
Македонија 16.10.2025 13:33
Светски ден на храната
Денеска е Светски ден на храната. Дали е безбедно тоа што го јадеме, но и дали произведуваме доволно?
Ова се само дел од дилемите, Александра Велинова известува.
-
Свет 16.10.2025 13:27
Францускиот премиер Лекорни ја суспендира пензиска реформа
Француската пензиска реформа ќе биде суспендирана до изборите во 2027, а дебатата и гласањето ќе се одржат во ноември. Целта е враќање на довербата меѓу социјалните партнери.
Реформата предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
Македонија 16.10.2025 13:17
Претпоследен ден кампања пред првиот круг
Кандидатите, партиите и коалициите растрчани, денеска е претпоследниот ден од кампањата. Се прави обид, пораките да стигнат до секој избирач.
Марина Стојанова – Тонева известува.
-
Македонија 16.10.2025 13:11
Судење за кочанската трагедија на 19-ти ноември
На 19-ти ноември почнува судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека на смртта. Ќе се суди во големата судница во затворот Идризово. Предметот е во рацете на судијката Диана Груевска – Илиевска.
Анита Димитријевска-Велковска известува од Кривичен.
-
Македонија 16.10.2025 12:49
Сиљановска-Давкова бара креативно решение за деблокада на интеграцијата
ЕУ да најде излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции.
-
Култура 16.10.2025 12:25
Урната спомен-куќата на Владо Малески
Откако при изведување градежни работи, вчера беше срушена старата струшка куќа, инспекциите го затворија градилиштето. При уривање на соседен објект, инвеститорот направил оштетување на темелот при што се урна источен калкански ѕид и кровот на Спомен куќата на Владо Малески во срцето на Струга.
-
Македонија 16.10.2025 12:09
Почна дистрибуцијата на доверливиот избирачки материјал од битолската печатница „Киро Дандаро“
Согласно со законските рокови и планот за работа на ДИК изутрината се и примопредавање на доверливиот избирачки материјал за претстојните локални избори. Дистрибуцијата на материјалот се спроведуваше под силно полициско обезбедување и строга контрола на 17 тимови на ДИК.










