Звукот на воените транспортни авиони е најпосакуваниот меѓу жителите на Газа, пакет храна повеќе значи и неколку дена преживување меѓу прегладнетите. Реки народ се слеаја кон местата на достава, битката меѓу овие очајници е битка за брашно, шеќер и конзервирана храна.
Вести
-
Свет 28.07.2025 14:53
-
Македонија 28.07.2025 14:17
Предизборни комбинаторики со коалициските партнери
Владините коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ сè уште без конечен договор за кандидатите за градоначалници за Куманово и за Центар. Разговорите се во тек и се движат во позитивна насока, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Мицкоски. Конечната одлука се очекува по 15-ти август.
-
Свет 28.07.2025 13:37
Тајланд и Камбоџа на мировни преговори во Малезија со посредство на САД
Тајланд и Камбоџа на мировни преговори во Малезија со посредство на САД откако воените сили на двете земји неодамна влегоа во судир.
Американскиот државен секретар Рубио соопшти дека делегација од Стејт департментот ќе помогне во мировниот процес.
-
Македонија 28.07.2025 13:05
Бесплатен скрининг за заболувања на црн дроб
Бесплатен скрининг за заболувања на црниот дроб во десет града низ земјава. Почнува национална кампања. Министерството за здравство, заедно со Хепар центар – Битола и Клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести со поставување мобилни единици.
-
Македонија 28.07.2025 12:58
Нов затворен базен во Кисела Вода
Скопска Кисела Вода доби затворен базен кој е во состав на Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“. Базенот е еден од петте кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година, и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 насто, велат од Владата. -
Македонија 28.07.2025 12:49
Активни пожари на неколку локации
За едно деноноќие 51 пожар, алармантна состојбата со огнените стихии. Активни се осум, седум се под контрола. Земјава го активираше еу-механизмот за цивилна заштита. Сериозно е на планината Готен каде што во борбата со пламените јазици се ангажирани голем број армиски припадници.
-
Култура 28.07.2025 12:18
Ќе се реконструира Мултифункционалниот центар во населбата Ново Лисиче
Киносала, простор за изложби, мултимедијален дел комплетно опремен со сценска технологија, озвучување и осветлување. Ќе се гради Мултифункционален центар во општина Аеродром за поддршка на независната културна сцена која во моментов е во дефицит, рече министерот за култура Зоран Љутков.
-
Македонија 28.07.2025 11:38
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 28.07.2025 11:08
Во изминатото деноноќие 51 пожар на отворен постор, осум се активни, седум под контрола и 36 изгаснати
Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати.
-
Свет 28.07.2025 10:48
Воздушна тревога во поголемиот дел од Украина
Воздушна тревога во поголемиот дел од Украина. Најмалку осум лица се повредени во руски напад врз Киев.










