Израелскиот премиер Нетанјаху ги негираше извештаите за глад во Газа и го обвини Хамас за кражба на помошта.
Израелската армија почна ограничена пауза во борбите во три населени области по 10 часа на ден со цел да се зголеми протокот на помошта.
Израелскиот премиер Нетанјаху ги негираше извештаите за глад во Газа и го обвини Хамас за кражба на помошта.
Израелската армија почна ограничена пауза во борбите во три населени области по 10 часа на ден со цел да се зголеми протокот на помошта.
Од 1-ви септември основците од училиштето „Невена Ѓоргиева – Дуња“ ќе имаат и час по пливање. Во скопска Кисела Вода отворен еден од петте затворени базени чија изградба беше закочена со години.
По недели на тензични преговори, Вашингтон и Брисел постигнаа рамковен договор за трговија и намалување на најавените царини. Американската царина за стоките од ЕУ ќе изнесува 15 проценти. Договорот меѓу другото предвидува блокот да купи американска енергија и воена опрема.
Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале
Околу 40 илјади пациенти во Македонија се заразени со хепатит, илјадници не знаат дека го имаат доколку не се лекува – болеста е причина за цироза и за рак на црн дроб. Пациентките здруженија бараат да се воведат современи лекови и навремена дијагностика.
Брзиот начин на живот, калорична, но не и нутритивна храна и недвижењето, се главните фактори што стануваме нација со прекумерна тежина, вели нутриционистот Тодорка Наумоска Димески. А и не им даваме пример на децата за здрава храна.
Пепел, црнила, мирис на чад, изгорени бандери, екипите на ЕВН ги санираат штетите, ставен е под контрола пожарот кај Катланово.
Собранието утре ќе расправа по поднесената интерпелација за работата на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
Сирија ќе ги одржи првите парламентарни избори под водство на новите власти помеѓу 15 и 20 септември. Една третина од 210-те места ќе бидат назначени од привремениот претседател Ахмад ал-Шара, а останатите ќе бидат индиректно избрани.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува се половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.